5.1 C
Прилеп
четврток, 12 декември, 2024
Пела Радио

Двојно зголемен бројот на повици во прилепската Служба на Итна помош

Променливото и магливо време, аерозагадувањето во регионов, а особено во Прилеп, придонесе двојно и повеќе да се зголеми бројот на повици во Службата за итна медицинска помош во Прилеп. Најпогодени се граѓаните со хроничните срцеви и белодробни заболувања, астматичари, хронични бронхити, вели Снежана Петровска началник на прилепската Брза помош.
– Најмногу чувствуваат промени врз своето здравје хроничните болни и тие се најмногубројни во нашата амбуланта. Се појачуваат симптомите од хроничните болести Се случува секојдневно и по неколку пати да се јавуваат одредени лица. Нашите препораки се да ја примаат хроничната терапија и што помалку да излегуваат на отворен простор, да ги намалат активностите да ги намалат физичките активности на минимум и да излегуваат само по потреба. Нашите екипи се нон- стоп излезени на домашни посети, а може да се рече дека повиците се и двојно зголемени, а во текот на викендите кога не работат матичните лекари и повеќе од двојно.
Во редовни денови од 24 работно време околу 100 тина пациенти во обичен ден, а за викенд 150.
Од Службата за итна медицинска помош во Прилеп велат дека бележат за едно деноноќие и над 30 повици, а особено зачестени се повиците за време на викендите. За време на денската служба во прилепската Брза помош примаат и по 20 повици за домашни посети, што е повеќе од двојно во деновите кога воздухот е чист. Несомнено аерозагадувањето го зема својот данок по здравјето на граѓаните, за што треба хроничните болни строго да се држат до советите од лекарите.
Инаку денеска на пладне мерната станица поставена на Општинската зграда во Прилеп покажа повторно зголемен број на ПМ 10 честички во воздрухот при што нивото изнесуваше 278 честички на кубен метар што повторно над предвидената граница за здрав амбиентален воздух.

Би можело да ве интересира

Иконостасот во црквата “Св. Благовештение “ се распаѓа, а „тие“ водат битка за докажување кој повеќе се грижел за културното наследство

Елизабета Филипоска

Наградени најдобрите книжевни таленти во Општина Прилеп

Пела Редакција

Нема ново евидентирани случаи на заболени

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе