7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Комуналец чисти дива депонија за изградба на детски парк, се тампонираат улици…

Парк по иницијатива на граѓанин!

Комуналците од денeска ја чистат дивата депонија на ул,, Александар Македонски,, на крајот од егејските згради. Иако овој простор се најдува на главната артерија за влез во градов, несовесни граѓани редовно одлагаат комунален отпад и градежен шут.  Гледката е повеќе од разочарувачка со оглед на тоа што на влезот во градов посетителите ги пречекуваат купишта расфрлан отпад.

Идејата за изградба на овој мал детски парк е од поранешен жител од населбата, кој доаѓајќи во Прилеп, редовно гледал исфрлен отпад на местото каде некогаш со своите другари играле детски игри, а во тоа време била ливада.

Па, ЈКП,, Комуналец,, и Локалната самоуправа одлучиле да се исчисти и уреди овој простор и да се поставе тревнат дел, патеки и клупи, додека граѓанинот кој е инцијатор за уредување на овој простор ќе ги донира и постави детските реквизити.

Само вака е голема веројатноста да е се спречи ова место да претставува ѓубриште.

Продолжува и асфалтирањето на мали улици

T

Три краци на потегот помеѓу улиците ‘Истарска’ и ‘Мечкин камен’ се тампонираа ,во должина од 300 метра, а потоа селди асфалтирање“.Паралено се тампонираат и десетина помали краци од улицата „Пчиња“, непосредно над ООУ „Гоце Делчев“, што исто така претставува подготовка за нивно скорешно асфалтирање.

Би можело да ве интересира

ВЕЛИГДЕНСКА ДОНАЦИЈА ЗА ДЕЦАТА ОД СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА ОД СВЕТОТ НА КОЛОРЕС И ВИТАМИНКА

Елизабета Филипоска

Од утре Прилеп ќе го има командирот на Полициската станица избран на Совет на општината

Пела Редакција

По 16 пат-Меѓународна ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен 2024“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе