8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Леон Најдовски нов фудбалер на Победа

Известива: Никола Димески

Прилепска Победа го ангажира 25-годишниот дефанзивец Леон Најдовски. Станува збор за фудбалер кој настапува на штоперската позиција а во својата досегашна кариера настапувал за Работнички, Македонија ЃП и Тетекс.
Инаку, во пријателски натпревар во битолското село Црнобуки комбиниран состав на Победа одигра пријателски натпревар со истоимениот домашен третолигаш. Конечен резултат 2-4 полувреме 0-0. Првите сениорски голови за Победа ги постигнаа младинецот Благојче Ристески и 15-годишниот помлад пионер Христијан Поп-Антоски, а двоен стрелец беше 23-годишниот Ерџан Ибраимоски од Ново Црнилиште, кој е на проба во прилепскиот второлигаш.

Би можело да ве интересира

Талески : Секој фудбалер сонува да настапува на една голема завршница (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

Прилепчанката Велевачкоска, главен судија на фудбалски натпревар во Втората лига мажи

Гордана Цветаноска

Младинците на Победа до С.Ирска и назад ќе сменат седум авиони и четири автобуси

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе