7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Градоначалникот Јованоски:„Во роднинска врска сум со луѓето што градат. Но, без разлика, тоа ќе биде срушено, ако сам не го сруши. Законот важи и за него и за сите.“

Вчера, повторно, опозицијата го повика градоначалникот на Прилеп  Илија Јованоски, да одговори  „кој и што гради во градскиот пазар и дали пред очите на сите граѓани тука ќе никне хотелско сместување? Дали изградба на ваков објект е предвидена со урбанистичките планови на општината? Дали постои градежна дозвола и дали се испочитувани сите законски процедури за градба?“- праша, на прес конференција Петар Ристески , претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ

Со цел да се отстранат дилемите и да запрат шпекулациите, лажните вести, клеветите и обвинувањата насочени кон него, како градоначалник на Општина Прилеп, но и како физичко лице Илија Јованоски,  за наводна вмешаност или коучество во изградбата на два објекти што се градат во градот, тој денеска свика прес конференција.  На неа, тој истакна дека е во роднинска врска со луѓето што градат.Но…

 „Јас ја видов документацијата, тоа е легализиран деловен објект, приземје, прв и втор кат, легализиран од приватна компанија. Во легализацијата тој објект е легализиран како деловен објект и тука се’ завршува. Овие се чисти измислици, ниту хотел, ниту јас лично сум вмешан. Го кажувам ова, не сакам ни да помислам, ниту ми треба, ниту има потреба од вмешаност ниту Општината, ниту градоначалникот на општина Прилеп, ниту јас лично како Илија Јованоски во ова. Јас не знам зошто толкави инсинуации и непотребни клевети и лажни вести. Ова го тврдам и секогаш ќе го тврдам, затоа што е така.

Но, без разлика што сум во роднинска врска, тоа ќе биде срушено таму, ако сам не го сруши. Законот важи и за него и за било кој друг. Јас кога разбрав дека бесправно почнало да се препокрива, го испратив инспекторот градежен, кој ја стопира градбата. Градбата е стопирана и завчера им е одредено во законски рок да ја отстрани. Ако тоа не го направи, без разлика дали е во роднинска врска, не е во роднинска врска, обичен граѓанин, пријател, другар, тоа ќе мора да се сруши, ако не го сруши сам. И тоа ќе важи сега, за сите и секогаш! “,  истакна градоначалникот Јованоски.

Воедно градоначалникот беше обвинет од опозицијата и за зградата која се гради во близина на медицинското училиште.

„Станува збор за објект, зграда која се гради во близина на Медицинското училиште, каде постои купопродажен договор на два субјекта, едниот физичко лице, а другиот правен субјект, при што се продава приватен имот. Ниту Општината, ниту градоначалникот, на било кој начин се вклучени во тој купопродажен договор. Јас го видов тој купопродажен договор, видов дека соодветно е платен данокот на Општината и за нас, тука, завршува целата работа. Категорично демантирам било каква моја вмешаност во изградбата на објектот, ниту како градоначалник на општина Прилеп, ниту како физичко лице Илија Јованоски.- изјави тој и додаде:

„Вториот објект, наводниот хотел кој се гради во пазарот во центарот на Прилеп не постои во Деталниот урбанистички план. Станува збор за легализиран деловен објект, каде сопственикот сакал да го промени покривот на терасата на тој деловен објект, со кој ни Општината ни јас како градоначалник имаме некаква врска со тоа. После добиената информација од граѓаните, од вас новинарите, дека таму се прави нешто незаконски, на лице место излезе овластен градежен инспектор од Општината, кој на сопственикот му кажа да го отстрани нелегално изградениот дел во законски можен рок и доколку тоа не биде направено во законски предвидениот рок, Општината ќе биде приморана тој дел да го отстрани присилно.

Уште еднаш да кажам и тврдам дека апсолутно немам никакво влијание ниту како градоначалник, ниту Општината има нешто врска со ова. Она што го има Општината е да се отстрани оној нелегален дел што моментлно е почнато да се гради. Запрена е градбата, кажано му е на сопственикот да се отстрани и доколку, уште еднаш ќе повторам, не го отстрани во законскиот рок ние присилно тоа ќе го направиме. Ова важи за сите граѓани на општина Прилеп, дали тоа е вработен во општинава, дали тоа е мој пријател, роднина, другар, законот ќе важи подеднакво за сите. Ова го тврдам, додека сум јас на ова место, додека јас одлучувам, за сите изградени нелегални објекти законот треба да биде еднаков за сите. И сакам оваа дилема да се отстрани со ова денешно мое излагање, затоа што ова што го кажувам го тврдам, сигурно е така, укажувањето понатаму на некои личности, на опозицијата или на било кој, ако продолжи со вакви клевети, инсинуации и лажни обвинувања, тогаш ќе морам правдата да ја барам преку соодветните институции.„- истакна на деншната  прес конференцијата првиот човек на Општина Прилеп, градоначалникот, Илија Јованоски.

 

Би можело да ве интересира

Максим Димитриевски: Гласовите на граѓаните му даваат сила и легитимитет на Претседателот на државата да и каже НЕ на извршната и на законодавната власт

Пела Редакција

Дали денес од СДСМ ќе се чуе името на кандидатот за градоначалник на Прилеп?!

Елизабета Филипоска

(Видео) Борче Јовчески: Во 2023 ќе работиме во доменот на инфраструктурата

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе