Американската aгенција за храна и лекови: IQOS е производ со модифициран ризик
Светски реномираната агенција за храна и лекови на САД (ФДА) даде одобрување дека IQOS (ајкос), производ на Филип Морис кој го загрева, а не го гори тутунот, може да се класифицира во категорија„тутунски производ со модифициран ризик“ (МРТП),како и дека одобрението да се информираат потрошувачите за намалената изложеност на штетни материи при користење на овој уред е во согласност со промоцијата на јавното здравје.
IQOS е првиот и единствен електронски производ кој користи никотин кој оваа реномирана агенција од областа на јавно здравје го класифицираше во категоријата„производи со модифициран ризик“, објаснувајќи ја својата одлука со следниве заклучоци:
a) IQOS го загрева, а не го гори тутунот;
б) употребата на овој уред значително го намалува производството на штетни и потенцијално штетни хемикалии;
в) научните истражувања потврдуваат дека целосен премин од класичните цигари на IQOS ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни материи.”
„Оваа одлука на ФДА претставува историска пресвртница во областа на јавното здравје. Таа значителного надоградува растечкиот научен консензус дека IQOS е подобар избор отколку да се продолжи со пушење“, рече Александар Јаковљевиќ, извршен директор на Филип Морис за Југоисточна Европа, додавајќи дека IQOS е фундаментално различен од традиционалните цигари и поради тоа мора да има фундаментално различна регулаторна рамка. „Соработката меѓу владите и организациите кои се грижат за јавното здравје, како што е демонстрирано во оваа прилика во САД, ќе придонесе за побрза транзиција на возрасните пушачи кон производи што се подобар избор за нивното здравје. Сè уште најдобра опција која не носи никаков ризик е никогаш да не се почне со пушење или целосно да се остават сите производи кои содржат никотин, но за оние кои нема да престанат да пушат, најдоброто што можат да направате целосно да се префрлат на контролирани, научно базирани, бездимни производи”.
Заклучно со 31ви март оваа година, 10,6 милиони пушачи ширум светот целосно се откажаа од цигарите и се префрлија на IQOS, додаде Јаковљевиќ и заклучи дека иновациите како оваа, можат драматично да го забрзаат намалувањето на бројот на пушачи, што е исклучителна приликашто не смее да се пропушти.
Одлуката на Американската агенција захрана и лековида се одобри апликацијата на Филип Морис со која IQOS се класифицира во категоријата“тутунски производи со модифициран ризик“, следеше по сеопфатна и ригорозна анализа од страна на Агенцијата на обемната научна документација која компанијата ја достави во декември 2016 година. На оваа одлука му претходеше и одобрувањето од страна на ФДА во април 2019 година, кое овозможи комерцијализација на IQOS на американскиот пазар.