ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Победа – Шкупи на стадионот во Битола, дебитант Бразилецот Силва

642

Натпреварот од 21. коло на ПМФЛ, Победа – Шкупи ќе се игра утре, недела на 25. февруари со почеток од 14.00 часот на стадионот „Под Тумбе кафе“ во Битола.

Влезот за натпреварот е слободен.

ФК Победа ги повикува сите љубители на фудбалот и од Прилеп и од Битола за што помасовна посета и подршка на црвено-белите момци. Клубот упати благодарност до Општина Битола што излезе во пресрет на Победа, стои во соопштението. Во името на спортскиот дух управата на ФК Победа ветува дека еден ден кога ќе има право на повторно располагање со Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, во Прилеп несебично ќе го отстапува на користење на сите екипи, независно од која лига се, а кои ќе се најдат во ситуација во каква што е ФК Победа во овој момент.

Утрешниот натпревар ќе биде дебитантски за Бразилецот Лукас Силва Сантос Жуниор, кој во Победа пристигна на самиот крај од зимскиот трансфер период, па му требаше подолг период за адаптација во новата средина и досега е без настап.
Oд навивачката група “МАЈМУНИ” најавуваат масовно присуство за овој натпревар на стадионот под “Тумбе кафе”.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: