9.1 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

ДЕА останува вклучена во борбата против нарко трговијата во Македонија

Американската служба за борба против дрога (ДЕА), синоќа за МИА (Македонска Информативна Агенција) потврдиле дека продолжуваат со поддршката за Македонија во детектирање, спречување и ликвидација на организациите кои се занимаваат со тргување со дрога.

ДЕА потврди дека службеници на агенцијата се вклучени во истрагата на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција околу заплената на 200 килограми марихуана во петокот од страна на полицијата. Пазарната вредност на запленетото наркотично средство на црниот пазар е речиси еден милион долари.  

Од ДЕА не сакаа да коментираат за текот на истрагата и осомничените лица вклучени во организацијата на неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.   

Полициската акција беше изведена во петокот попладне кога на патот Прилеп – Росоман, полициските тимови го пресретнале автомобилот„Ауди А8“, во кој биле висок полициски функционер од Прилеп, и уште едно лице. Веднаш потоа е запрено патничко возило „Дачија дастер“, во кое се превезувале уште две лица, а зад нив и товарно возило „комбе“, во кое се наоѓала марихуаната спакувана во 40 картонски кутии во кои имало 400 полиетиленски пакувања.

Би можело да ве интересира

Почна вакцинирањето против ковид-19 на деца од 12 до 16 години- во Прилеп 60 -тина деца пријавени за вакцинација

Елизабета Филипоска

Прилеп формира уште едно ЈП

Елизабета Филипоска

Отворено писмо на Здружението на приватни стоматолошки здравствени установи за решавање на состојбите

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе