25.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Алексоски: Ако не го задржиме Човекот во Македонецот, ќе останаме малкумина!

Кога театарот го сакаш од мали нозе и кога од секогаш си сонувал дека еден ден сите ликови што си ги гледал за време на театарските претстави ќе можеш и ти да ги играш, во својот свет, во своето „светилиште” тогаш, со сигурност никогаш нема да престане желбата, страста, пасијата кон театарската магија. Ете вака јас би го опишал нашиот, прилепчанецот Бобан Алексоски, актер, кој плени со својата скромност и воодушевува со посветеноста кон професијата, кон своето животно секојдневие. За него секоја  претстава во која игра е нов предизвик, а секое појавување пред публиката за него е посебен момент, зошто Бобан не може без актерство и театарска магија.

За него  публиката е таа која ги зема емоциите, ставот и состојбите на актерите, а за актерот секако е важно дека сите ликови зависат од изгледот, способностите и квалитетите на оној кој игра во претставата. За неговата долгогодишна кариера, за неговата независна продукција Златен Елец, за неговиот прв анганжман во Прилепскиот народен театар како и за телевизиското искуство, МУАБЕТЕВМЕ со Бобан Алексоски.Разговорот во целост погледнете го подолу во видеото.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Витаминка донираше 400 брзи тестови за потребите на прилепчани

Во Преродба доследни на традицијата – од Велики четврток до Велигден – каква е традицијата во Прилеп ? (ВИДЕО)

Гореше сува трева кај с.Бела Црква

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе