На денешен ден 1905 година кај с. Рајчани ,кочанско , во заседа загинува Никола Карев, учител, социјалист и национален деец, прв претседател на Крушевската Република, роден крушевчанец. Во негова чест, делегации на општина Крушево предводена од градоначалникот на Крушево и преставници од Советот на Општина Крушево, од НУ Историски музеј – Крушево и од ООУ „Никола Карев“, кое о гордост го носи името на херојот, положија цвеќе на гробот на Никола Карев, во споменикот Македониум.
![](https://radiopela.mk/wp-content/uploads/2021/04/dsc_1049-800x445-1.jpg)
Делегација,пак, на ОК на ВМРО ДПМНЕ Крушво, ја посетија и се поколонија на спомен бистата на Никола Карев, положувајќи свежо цвеќе и одвајаќи му почит на македонистот, поборник за конституирање на македонска држава.
![](https://radiopela.mk/wp-content/uploads/2021/04/178465474_1753724071478868_8756203912898093480_n.jpg)
Посмртните останки на Никола Карев во 1953 година, по повод одбележувањето на 50 години од Илинденското востание, се пренесени во неговотородно Крушево, а на 11 април 1990 година тие се пренесени во Македониумот.