Во неделата во организација на џудофедерацијата и техничка организација на Џудо Клубот Сеишин – Прилеп се одржаа две државни првенства во џудо и тоа за пионери-ки и сениори-ки. Првенствата се одржаа во Спортската сала на СОУ Ристе Ристески Ричко-Прилеп без присуство на Публика, согласно сите протоколи за заштита од Ковид 19. На овие првенства учество зедоа 14 клубови со околу 160 натпреварувачи.
Џудо клубот Сеишин Прилеп на овие првенства зеде учество со вкупно 23 натпреварувачи во двете возрасни категории (10 Сениори и 13 пионери). Освоени се вкупно 16 медали и тоа 4 златни, 4 сребрени и 8 бронзени.
Резултати поединечно:
Пионерки: 1. Елеонора Илиоска 1 место 2. Теа Настоска 2 место 3. Теона Настоска 3 место Пионери: 1. Борис Џагадуроски 1 место 2. Димитри Џокоски 2 место 3. Давор Најдоски 3 место 4. Бојан Ѓорески 3 место 5. Немања Џагадуроски 6. Дарио Нанески 3 место Сениорки: 1. Теодора Димеска 1 место 2. Ема Димитриоска 2 место 3. Магдалена Најдоска 3 место Сениори: 1. Марко Тодорчески 1 место 2. Јован Најдоски 2 место 3. Антонио Талески 3 место 4. Валентин Димитриоски 3 место Добри борби покажаа и Тамара и Теодора Илиоски, Ангел Талески и Благојче Мантароски кај Пионерите како и Марија Талеска, Стефан Талески и Бојан Мојсоски кај Сениорите, но не успеаа да изборат место на пиедесталот.