Да се биде мајка и да се почуствува мајчинството е привилегија на жената. Но, да се добие тројка – близнаци, е благослов, Божји дар и голема среќа за секоја жена.
ПО ТРИ ДЕЦЕНИИ ТРОЈКА
Прилепчанката, Катерина Богданоска Цуцулоска, денеска е најсреќна и најгордата мајка. Таа пред десетина дена на свет ги донесе Хана, Јана и Лука, тројка- близнаци, кои веќе преставуваат вистинска радост во семејсвото Цуцулоски. На Сашо и Катерина ова им е прва рожба, но среќна и бериќетна!
Интересно е тоа што во Прилеп во последните 30 години не се родила „тројка„. Ниту, отците од прилепската парохија во последните три децении ,велат, немаат регистрирано крштевка на „тројка“. Последната родена тројка во прилепската болница била во1990 година.
Статистиката вели дека да се добијат близнаци можноста е 3:1000, а да се добие тројка можноста можеби е 1: 1 000 000. Е, токму тој еден, од милионите жители на светот, беше Кетерина, денеска среќна и горда мајка, на три прекрасни ангелчиња. Медицинската екипа на гинеколошкото – акушерско одделние во Клиниката во Скопје се радосни што во нивниот оддел се роди прилепската тројка. И, одадоа признание и почит на мајката, која сега едвај чека тројката Хана, Јана и Лука, да си дојдат дома.
НЕОБИЧЕН ПОДАРОК – ПЕХАР
По порадувањето, пристигна признанието за најзината храброст , како што спортистите- шампиони и почесните граѓани добиваат пехар за неверојатниот посебен успех што го напрвиле, така и Катерина доби пехар ,„За најголемата животна титула „МАЈКА“! Ќе признаете уникатно, посебно и емотивно!
ЕМОЦИИ РАСКАЖАНИ ОД МАЈКАТА ХЕРОИНА
„Чувството кога ќе разберите дека сте бремена е неописливо, кога од се срце и со нетрпение чекаш да појдеш на гинеколог за да ја потврди очекуваната бременост. Кај нас тоа беше посебен ден кој ќе го паметиме заедно,за цел живот!!! Дознав дека носам три бебиња!!!! Во моментот не знаев што точно чуствувам, дали е тоа возможно, дали јас имам толкава голема среќа што Господ баш нас не одбрал да ни подари на свет три ангели? Испреплетени чуства со радост, изненадување и среќа. Незнам, како сите тие емоции да ги поврзам, но знам дека беше прекрасно чусвство на веста кој ја добивме. Благодареност на д-р Мимоза Капетаноска што цела бременост ми ја водеше. Бременоста со нејзина помош ја поминав одлично! Се’ си се одвиваше добро! Бебињата напредуваа, што преставуваше прекрасно и необично доживување,но и чуство на одговорност и грижа. Искрено, целата бременост со мојот сопруг Сашко бевме толку среќни што со нетрпение чекавме да ни се родат. Секој период од бременоста ја посветувавме на нив, нормално, говоревме, се смеевме, планиравме, избиравме што да им купиме, што да направиме , која облека да им ја одбереме….. Но, се што планиравме беше избројано по три..“- со смеење ни РАСКАЖУВА КАТЕ
ИМИЊАТА – ИЗНЕНАДУВАЊЕ
..Дојдовме до моментот и за изборот на имиња на нашите ангелчиња. Одлучивме со мојот сопруг да напишеме имиња на секое ливче хартија, да ставиме повеќе имиња кои ги сакаме, бидејќи не можевме да се одлучиме за кои точно три имиња да ги одбереме за нашите близнаци ! Сакав сопругот прв да бира од ливчињата на кои има напишано по едно име. И, изборот започна со влечење. Беше пресреќен кога ги извлече имињата ЛУКА, ЈАНА ,ХАНА. Но, не беше тоа се.! Рековме „ ај, да извлечам и јас да видиме, баш, што имиња ќе извлечам јас„ Верувале или не, јас ги извлеков истите имиња за нашите деца ЛУКА, ЈАНА, ХАНА. Бевме искрено пресреќни што ова се случи! И, така нашата тројка ги доби своите имиња „- ПРЕСКРЕЌНА ГОВОРИ КАТЕ, секавајќи се на тој настан1
ПОРОДУВАЊЕ
„Се породив на 32 недела, бидејќи бебињата сакаа да излеза на свет порано, хахахха! Порадувањето беше во Клиниката во Скопје. Минав одлично, благодарение на Д- р Викторија Јовановска, која го изврши царскиот рез! Сега сум добро и со моите бебиња се чуствувам ПРЕСРЕЌНО, БЛАГОДАТНО и БЛАГОСЛОЕНО ! Ќе му посакам на сите да ја имаат среќата да бидат мајки, да дава Господ се’ што ќе посакаат, со верба во Бога !!!- ни ја раскажа, Катерина Цуцулоска својата приказна за првата тројка во Прилеп по 30 години , на која и честитаме и сме горди што ја имаме како Прилепчанка.
А, во Прилеп речиси сите се знаат, па честитки за семјството Цуцулоски пристигна од сите страни , а тројката наскоро ќе ја поздравуваме низ прилеските улици.
ГЕНОТ НА БЛИЗНАЦИ СЕ ПРЕНЕСУВА ОД МАЈКА НА ЌЕРКА – СЕСТРИ БЛИЗНАЧКИ
Инаку, двојајчените близнаци се пренесуваат во семејството, така што, ако вие сте близнак, или имате блиски роднини близнаци, имате многу големи шанси и самите да добиете близнаци. Катрина и нејзината сестра Кристина се близнаци. Па, приказната продлжува понатаму! И, Кирстина, денес, има едногодишни близнаци, ЛЕОНА и ЛЕОН, со што семејството бргу се прошируа и станува се посреќно! Тоа е приказната за близнаците!
-Балгодарност до Кристина за семејните не објавени фотографиите и дозволата да се користат фотографии од ФБ ПРОФИЛОТ на Катерина https://www.facebook.com/profile.php?id=100053237281517 и од незиниот https://www.facebook.com/kristina.bogdanoska Кристина!-
Напомена: Според законот за авторски права, не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд – Прилеп