7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ПРИЛЕПЧАНИ ОТВОРААТ КЛУБ ВО ГЕРМАНИЈА

Првата македонска спортска експозитура во странство е од прилепскиот Борачки клуб 7 Мај. За локација на клубот под истото име е одбран Франкфурт. Во тек е процедурата, така што претставник на клубот, Илчо Марковски веќе е таму и работи на средување на докумнтацијата, се она што e поврзано околу регистрацијата. Идејата за експозитура е мотивирана од можноста за настапи на поголем број турнири.

– Добиваме многу. Нашиве талентирани борачи ќе ги регистрираме во тамошниот клуб за да можат да учествуваат на германските турнири. Третирани ќе бидат како да се нивни, домашни борачи. Таму не игра улога пасошот, ами во кој клуб борачот е регистриран. Турнири има многу. Само во Франкфурт се по 6-7 секој викенд. А ние овде имаме толку низ целата година – вели Сашо Игнатовски, тренер во БК 7 Мај..

Со борачите во експозитурата во Франкфурт ќе работи тренер од Ерменија, на кого ќе му помага Теодор Темелковски, млад борач кој воедно ќе настапува во Третата бундес лига.

Би можело да ве интересира

Негувањето на традицијата и чествувањето на Голем Петок е најважно за варошани (ВИДЕО)

Никола Димески

Победа поуспешна од актуелниот лидер

Гордана Цветаноска

Победа и Шкупи одиграа нерешено

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе