11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Фатени двајца како подметнуваат пожар-казни за движење низ шума

Во периодот кој следува, СВР Битола ги потсетува граѓаните дека на сила е и воведената забрана за движење во шумските предели, што е посебно важно пред претстојните празници (Св.Ана и Св.Петка) кои традиционално се поврзуваат со посета на верските објекти кои се наоѓаат во планински места (с.Маловишта, с Брусник и сл.), а забраната за движење се однесува и на Националниот парк Пелистер. (На 05.08.2021 Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на државата поради зголемената појава на пожари. Со денот на влегување на оваа одлука во сила се активира и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање. Согласно одлуката кризната состојба трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила.)

СВР Битола упатува апел за максимална  внимателност на местата кои можат да бидат потенцијални жаришта, а полициските службеници, покрај вработените од ЈП „Национални шуми“и Шумската полиција, ќе вршат засилени контроли на движењето во подрачјата согласно одлуката за забрана. Доколку се констатира непочитување од страна на граѓаните ќе се преземат мерки за соодветно санкционирање, при што за непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Како резултат на преземени мерки и активности во оваа насока, вчера (05.08.2021) полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен го лишија од слобода К.С. од с.Лева Река, ресенско поради постоење основи на сомнение дека го предизвика пожарот во Лева Река, во кој беше опожарена нискостеблеста шума, а утрово (06.08.2021) околу 06:15 часот во м.в.Дабница, прилепско, во близина на споменикот, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп лишен од слобода е М.Е. (34) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар на место викано Дабница, кој утрово е локализиран од страна на противпожарната единица од Прилеп. Во координација со Јавен обвинител се работи на расчистување на овие случаи.

СВР Битола укажува дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

Би можело да ве интересира

(Видео)Чудото од Ерусалим: Благодатниот оган се симна на Христовиот гроб!

Елизабета Филипоска

Како поблиску до ЕУ фондовите за развој на земјоделието?!

Гордана Цветаноска

(фото)Интернационална изложба на расни кучиња „ЦАЦИБ 2018“,

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе