7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ СТРЕЛЦИ СЕ СОБИРААТ ВО ПРИЛЕП

Утре во автоматското воздушно стрелиште во НУЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи традиционалниот турнир „Опен Македонија“ во организација на клубот Херој Прилеп. Најавено е учество на сите најдобри македонски стрелци во дисциплините пиштол и пушка. Според високата форма, многу се очекува од младите домашни стрелци, членови на Херој Прилеп.

 

Тие на последниот настап, на меѓународниот турнир во Белград, одлично се претставија со пушка: Мартин Ангелески со поставени два државни рекорда – јуниорски со 610,1 круга, сениорски со 608,8, Ирина Јованоска со резултат од 605,5 и Магдалена Ристеска со 596,7. Утрешниот турнир е со почеток во 10 часот.

Би можело да ве интересира

“Прилепските“ Грузијци најдобри на ракометниот турнир

Елизабета Филипоска

Победа нема дилеми за триумф на домашен терен

Гордана Цветаноска

Честитки за РК Прилеп! Прилепчани и идната сезона ќе гледаат суперлигашки натпревари

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе