23.3 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Шампионот одигра шампионски – РК Прилеп – РК Еурофарм Пелистер 25:40

Во 10 коло од Супер машката ракометна лига, ракометарите од Прилеп на домашен терен, вечерва изгубија од помоќниот противник, Еурофарм Пелистер со 25:40 (12: 21).

Тоа беше натпревар меѓу Давид и Голијат. „Џиновскиот“ тим на Еирофарм Пелистер само беше домашна атракција за прилепската публика, која сакаше да го види македонскиот ракометен шампион во Прилеп и да ужива во ракометни мајстории.

Пелагониското дерби започна со водство на домашните, но гостите веднаш ја потврдија својата надмоќност и резултатот 2-4 се создаде за 3 минути. Прилепчани имаа нерешен резултата во 7 минута (4:4) и му парираа на противникот до 10 минута, но потоа настапи „силата“ на Еурофарм Пелистер и со брза динамика во играта настана резултатската промена која се менуваше од минута во минута, да од 24 минута домашните да останат на 12 постигнати голови, а во нивната мрежа да се нанижат 21 гол. Па, на полувреме се замине со висока резултатска предност за гостите од 9 гола – 12:21.

Второто полувреме, иако прилепчани успеваа да парираат уште десетина минути, тоа сепак беше само рутинска игра, во која домашните постигнаа 13 голови, а гостите 19 голови, за победата на крајот од натпреварот да биде „запечатена“ со 15 гола разлика и да ѝ припадне на шампионот.

За Еурофарм Пелистер ова беше тренинг натпревар, во кој тренерот Рубен Гарабаја ротираше со своите играчи, а за ракометарите на Прилеп, можност да ја почувствуваат поквалитетна ракометна игра и да дадат солиден отпор на посилниот противник, кој немилосрдно ја полнеше нивната мрежа.

Се на сè убава ракометна забава во која ракометната прилепска публика уживаше и не заборави да се слика со ракометните ѕвезди и македонски ракометни идоли: Никола Митревски, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски …

Инаку, Петар Атанасијевиќ со седум и Мирче Калајџиовски со шест гола го предводеа Еурофарм Пелистер до победата, а во таборот на Прилеп Ангел Крстевски имаше „седум од седум“ реализации.

Би можело да ве интересира

РК Прилеп изгуби од Охрид – Победа повотрно без победа во Охрид

Победа на подготовки во Бугарија

РК Вардар триумфираше над Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе