11.2 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО – Бикоски : Хемијата помеѓу играчите е клучот за успех на еден тим или репрезентација (ВИДЕО + ФОТО)

Настапува за ракометниот клуб Прилеп а со своите одлични партии на позицијата лево крило , Христи Бикоски секогаш го дава максимумот на паркетот. Така беше и на последната проверка на формата за прилепскиот прволигаш во Лесковац , каде Бикоски беше еден од најдобрите на теренот во двата одиграни пријателски натпревари. За Радио Пела вели дека хемијата помеѓу играчите во екипата  е клучот за успех на тимот каде и да се претставува.

Играв и во Вардар , Јуниор Кисела Вода , учев од врвни тренери но кога се вратив во Прилеп и работам под палката на Горан Кузманоски , сметам дека тоа ми беше одличен потег во мојата кариера , чекор напред со кој се гордеам и секогаш максимално и посветено настапувам за РК ПРИЛЕП, истакна Бикоски за време на гостувањето во програмата во живо ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО.Со своето ускуство во ракометната игра Бикоски и одлично го анализираше овој ракометен шампионат каде најчудна репрезентација , играчки , му е Шпанија со повикот на многу анонимни ракометари. Разговорот со Христи Бикоски можете да го погледнете во видеото подолу.

 

Би можело да ве интересира

РАКОМЕТОТ ВО ПРИЛЕП СЕ ВРАЌА ВО ХРАМОТ НА РАКОМЕТОТ – УНИВЕРЗАЛНА САЛА

Елизабета Филипоска

Прилеп домаќин на третиот по ред меморијален пингпонгарски турнир „Илија Карески – Каре“

Елизабета Филипоска

Втора година по ред нема да го одржи МЕЃУНАРОДНИОТ ТРАДИЦИОНАЛЕН ТУРНИР во ЏУДО „ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ“,

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе