8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Тројца прилепчани од шест македонски стрелачи се дел од Македонската реперзнтација во Сараево за медал

Во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, викендов е 14. Меѓународен шестоаприлски турнир во стрелаштво со воздушно оружје, на кое учество ќе земе и репрезентацијата на Македонија. Во дисциплината воздушна пушка се тројца Прилепчани : Мартин Ангелески, Ирина Јованоска, Магдалена Ристеска (Херој Прилеп) и Анастасија Мојсовска, Никола Блажевски (Стрелец, Скопје), а во дисциплината воздушен пиштол е олимпиецот Борјан Бранковски (Стрелец, Скопје). Борбата за медал ќе биде мошне тешка, со оглед на присуството на 120 стрелци од 11 држави. Натпреварите се во стрелиштето „Зетра“.

Поддршка за македонските стрелци во Сараево се претседателот на Македонската спортска стрелечка федерација, Јордан Тасевски и селекторот на репрезентацијата на Македонија, Трајче Дамевски.

Би можело да ве интересира

Талески : Секој фудбалер сонува да настапува на една голема завршница (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

Големото пелагониско дерби Победа-Пелистер 0:2

Елизабета Филипоска

ЖФК Деспина Прилеп се зацврсти на врвот од табелата

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе