Во текот на изминатата вечер (31.07/01.08.2022) од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.
За време на контролите лишенo од слобода е едно лице поради основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.
Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се седум возачи, од кои пет се исклучени од сообраќај.
Засилените акциски контроли продолжуваат, од министерството за знатрешни работи апелираат на почитување на сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот .