11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Руската амбасада го одбележа Денот на сеќавањето во Прилеп

По повод 1 ви август, Денот на сеќавањето кој се одбележува во Русија во спомен на паднатите руски војници во Првата светска војна, на Германските гробишта во Прилеп во организација на амбасадата на Руската Федерација им беше оддадена почит на загинатите руски војници пред Споменикот на паднатите руски војници на Германските гробишта. На церемонијата присуствуваше амбасадорот Сергеј Баздникин, делегација од рускиот конзулат, градоначалникот на ПрилепБорче Јовчески, претседател на Советот на општината Дејан Проданоски, претставници од Здружението руско – македонско пријателство. Во знак на сеќавање и почит на паднатите борци се одржа панихида и беа положени венци свежо цвеќе.

При тоа амбасадорот Баздникин ги спомена жртвите кои руската војска ги дала за ослободување на македонската територија.

– Денес во Русија ние одбележуваме Денот на сеќавање на руските војници кои загинаа во Првата светска војна – прва трагедија на глобално ниво. Добро се знае дека во текот на Првата светска војна 5 илјади руски војници и официри кои ја ослободија македонската земја во составот на Втората и Четвртата руска бригада во Армијата на Источната Антанта храбро загинаа на Солунскиот фронт, а тука се погребани 10 руски војници. Би сакал да се заблагодарам на градоначалникот Јовчески, на сите граѓани за грижливото однесување кон споменикот на руските војници, посочи амбасадорот Баздникин при обраќањето кој одговараше и на новинарски прашања:

  • Како го толкувате барањето, условувањето од ЕУ за промени на македонскиот устав? 

Амбасадор Баздникин: За жал јас не можам да коментирам ниту едно внатрешно политичко прашање во вашата земја, ама можам да кажам само едно – никогаш притисок не донесува нешто добро, нити за Северна Македонија, нити за било која друга земја. Знаете дека Русија никогаш не се наметнува, ние сме секогаш отворени за соработка, ама никогаш не бараме нешто, ако сте отворени за соработка, тука сме. Само да ви дадам пример како ние се однесуваме кон тие земји кои сакаат да соработуваат со нас.

  • Кој е Вашиот коментар за случувањата на северот од Косово? 

Амбасадор Баздникин: Можам да кажам дека Русија е една од тие земји кои ја донесоа Резолуцијата 1244 за Косово и Метохија. Ние сме убедени дека решение треба да се бара во рамките на таа Резолуција. Обиди да се дојде до решение по пат на насилни дејства никогаш не водат кон добро.

  • Дали може наскоро да се очекува мир во Украина? 

Амбасадор Баздникин: Ние сме отворени да се воспостави мир во Украина одамна. Во март месец, отпочнавме со разговори во Истанбул. Тие разговори беа прекинати од украинската страна веруваме и знаеме дека на барањето на нивни западни ментори. Ние сме спремни тие разговори да се обноват и што поскоро. Сепак ние треба да знаеме дека што повеќе се продолжува со воените дејства, тоа ќе биде потешко да се дојде до решение. Меѓутоа, секогаш решение ќе се бара во текот на преговорите, тоа е јасно.

Спомен обележјето на пандатите руски војници во Првата светска војна во Прилеп на Германските гробишта е изградено 2014 та година и од тогаш, традиционално со пригодна церемонија амбасадата на Руската федерација во Скопје го одбележува Денот на сеќавањето, кој што е државен празник во Русија.

Би можело да ве интересира

Фрлена рачна бомба во двор во Десово, повредени нема

Пела Редакција

ЈКП Водовод и канализација Прилеп: Нов режим за водоснабдување во Галичани и Кадино

Пела Редакција

Во Општина Прилеп средба со „Бехтел и Енка“ за Коридорот 10Д

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе