11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепските спортски ветерани формираа здружение

За прв пат спортски Прилеп доби Здружение на спортски ветерани. Конститутивната средба се одржа во ООУ „Кочо Рацин“. На едно место, на иницијатива на пензионираниот професор Трајче Зуљамоски се собраа 30 тина поранешни спортисти, спортски работници и спортски новинари. На повик за формирање на здружението се одзваа познати и признати спортски имиња од сите сфери: фудбалот, кошарка, ракомет, одбојка, бокс, атлетика, гимнастика, моделераство, карате, џудо и се она што во минатато беше дел од богатата спортска историја на Прилеп.
Првичната иницијатива за оснивање на здружението доаѓа од професорот Насе Кондовски од Скопје, советник по предметот физичко воспитување и автор на многу дела од сферата на спортот, кој веќе е дел од едно вакво здружение во Скопје.


„Негова беше иницијативата, јас ги контактирав колегите, пријателите и во иднина и во Прилеп ќе функционира Здружение на спортски ветерани. Во здружението ќе членуваат ветерани од сите спортови. Во сите градови веќе има вакви здруженија. Отсега ние ќе може да се зачлениме во спортската федерација на Македонија. Се надеваме дека како здружение, ќе дадеме свој придонес во развојот на спортот и во градот и во Федерацијата, рече професорот Зуљамоски.
За претседател на здружението на спортските ветерани избран е Глигор Локвенец – Гиче, а за секретар, Владо Мирчески. Здравко Тодороски е избран за благајник, а други членови на Управниот одбор се Мирјана Ангелкоска и Тони Стевананџија.
На конститутивниот состанок присуствуваше и градоначалникот Илија Јованоски кој ја поддржа иницијативата.
„ Ќе дадам максимална и финансиска поддршка на ова здружение, во рамките на можностите што ги дава општинскиот буџет, зашто значаен е придонесот на спортските ветерани за развојот на спортот во градот.Затоа им порачувам посветено да ги пренесуваат нивните искуства, знаења и вештини на младите спортисти, за да помогнат Прилеп да отвори нова страница на спортот, на која ќе се бележат успеси“, истакна градоначалникот Јованоски.
Здружението на спортски ветерани на Прилеп идејата е да функционира во рамките на Федерацијата во која би членувале сите здруженија на спортистите ветерани за полесно остварување на активностите за афирмација и поддршка на спортот.

Би можело да ве интересира

Невена е голем адут на бк Ас во македонскиот женски бокс

Никола Димески

ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО – Бикоски : Хемијата помеѓу играчите е клучот за успех на еден тим или репрезентација (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

“Потона” бродот на европскиот првак – Фалангата заслужено се радува а фудбалерите ќе уживаат во новата светска сензација (ВИДЕО + ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе