11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Грашеска Илиеска: Ребалансот на општинскиот буџет го открива лицемерието на локалната власт

Прес конференција денеска одржа Моника Грашеска Илиеска – советничка во Советот на Општина Прилеп, на која ги нотираше забелешките од страна на локалната опозиција на СДСМ во врска со две годишното работење на градоначалникот Борче Јовчески и локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ. Ја пренесуваме во целост:

На месец и пол пред крајот на 2023, на 45 денови пред гласањето на буџетот за следната 2024 година, Советот на општина Прилеп ќе носи ребаланс на буџетот за тековната година. Ова е најдобриот доказ за неодговорното и недомаќинско работење на локалната власт на чело со ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, како и за нивното двегодишно лошо и нестручно менаџирање на парите на граѓаните. Предложениот ребаланс истовремено го открива целото лицемерие на Јовчески и ДПМНЕ и ги разобличува нивните лаги за односот на централната кон локалната власт. Имено, со ребалансот, дотациите од Владата кон Општина Прилеп се зголемени за повеќе од 48 милиони денари, или за близу 800.000 евра. Наспроти тоа, буџетските приходи на основниот буџет се намалени за 8.5 милиони денари. Градоначалникот Јовчески треба да има доблест да признае дека сето она што се прави во училиштата е резултат на владините блок дотации, кои за основните општински училишта се повисоки за 500.000, а за средните училишта за 200.000 евра. Наместо за проекти од интерес на граѓаните, ДПМНЕ и Јовчески од општинскиот буџет трошат 450.000 евра за нови привремени вработувања на партиски војници, роднини и пријатели. Се кратат парите и за трипати најавената „градежна офанзива“, лага која се распрсна како меур од сапуница. Со месеци наназад прилепчани реагираат дека и покрај тоа што редовно плаќаат за улично осветлување, градот е потонат во црна темница. Ребалансот на буџетот кажува дека не само што состојбата нема да се подобри, туку ќе оди на полошо, бидејќи градоначалникот и ДПМНЕ дополнително ги намалуваат средствата за јавно осветлување дури за 8 пати – од 3.1 милион, на 400 илјади денари. Она што неизбежно треба да се потенцира, е кршењето на законите од страна на градоначалникот при подготовката на Предлог планот на развојните програми. Конкретно, иако во Законот за буџети е децидно кажано дека програмите за развој до Советот на општината се доставуваат најдоцна до 20 октомври во тековната година, Јовчески го прекрши законскиот рок за повеќе од 20 дена. Да биде трагикомедијата поголема, надминувањето на законскиот рок не беше заради изработка на нови проекти во функција на подобрување на условите за живот во градот и населените места. Напротив – нема нови проекти, нема нови идеи. Благодарение на некадарноста и безидејноста на локалната власт на ДПМНЕ, на градоначалникот Јовчески и неговата паралелна администрација, трета година со ред до општинскиот Совет се доставуваат истите развојни програми кои никако да го здогледаат светлото на денот. Меѓу нив е, се разбира, и легендарната катна гаража ветена за изградба во 2022, во 2023 и сега повторно за 2024 година. Почитувани сограѓани, од оваа локална власт – толку, рече Моника Грашеска Илиеска – советникка во Советот на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (46)

Пела Редакција

(ВИДЕО) Правила и протоколи во прилепските училишта – зошто, и колку се почитуваат?!

Гордана Цветаноска

За прв пат „Клетници“ во прилепскиот театар

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе