11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп и Крушево утрово се разбудија со -8 степени целзиусови, а ноќва ќе имаат врнежи од снег.

Во 7. 30 часот утрово, според  УХМР, -8 степени се измерени во Прилеп, Дебар и Крушево .Но, најниска температура, од 10 степени под нулата е измерена во Битола, Берово, Попова Шапка и Маврови Анови. Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно и непречено по наместа влажни коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Инаку, утрово -7 биле измерени во Охрид, -6 степени во Тетово, Крива Паланка и Демир Капија, -5 во  Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци и Претор, -4 степени во Струмица и Штип, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Виница и -2 во Дојран и Гевгелија.

Највисока снежна покривка од 20 сантиметри утрово е измерена во Ѓуриште, 19 см во Пожаране, 18 во Дебар, 16 во Маврови Анови, 14 во Битола, 13 во Берово и Крушево, 12 во Крива Паланка и 7 сантиметри во Прилеп.

-Утрово е ведро, претежно тивко и студено. Времето денеска ќе биде сончево и студено, во западните делови со мала до умерена облачност.

Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми насекаде, а во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од снег.

Ќе дува слаб ветер, претпладне од северен, а попладне претежно од јужен правец, соопшти УХМР. Максималната температура во земјава ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.

Би можело да ве интересира

Малолетно девојче со велосипед прегазено во Прилеп

Утре на денот на изборите понесете чадор – метеролозите предвидуваат дожд

Трибина: Тутунопроизводство – се бараат решенија и одржливи политики

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе