32.5 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Покровител на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ оваа година е Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкована

Покровител на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ оваа година ќе биде Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.

Ана Стојаноска – уметничка директорка  одтвари средбата и детално ја запозна претседателката со програмата на 60. јубилејно издание на фестивалот, кое ќе се одржи во јуни следната година под мотото „Храбриот нов театар“.

Импресионирана од иновативноста и концептот на фестивалот, Сиљановска-Давкова со задоволство прифати да биде покровителка на јубилејното издание.

Во разговорот, двете соговорнички размениле мислења за современата македонска драматургија, значењето на актерите во нејзиниот развој, како и за хроничните проблеми со кои се соочуваат театрите во земјава – од просторните и техничките, до финансиските предизвици.

И покрај тешкотиите, заеднички заклучиле дека театарот мора да остане жив и витален, со јасна мисија да ја поттикне љубовта кон уметноста кај младите и децата.

Претседателката изразила уверување дека знаењето, професионалноста, храброста и ентузијазмот на Ана Стојаноска и нејзиниот тим се гаранција за незаборавен фестивал, кој заслужува институционална и финансиска поддршка. објави Скопје1.мк

Би можело да ве интересира

„ВИЗИИ-Глава полна со луѓе“ изложбата со дела од доајенот на  македонското сликарство, Родољуб Анастасов

Пела Редакција

Прилепските улици и тротоари се чистат од снегот информираат градските власти и комуналците

Пела Редакција

„Божиќната магија на животните“ утре во Кино Мис Стон

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе