7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Каков домаќин беше СОУ “Орде Чопела“ на проектниот состанок на Еразмус+ проектот за партнерства меѓу училишта?!

Што е Еразмус+ проектот? Пристигна Учесници – 33 ученици и 15 професори, од  средни училишта од Јеси (Италија),  Камбре (Шпанија) и Чешке Будејовице (Чешка). Гостите престојуваа,  од 30 септемви  (2017 год). до 3 /ноември (2017 год)..а, СОУ “Орде Чопела“ од Прилеп се покажа како одличен домаќин , на третиот проектен состанок на  Еразмус + проект.  Темата на проектот е  на тема “Да го расплетеме минатото, за да ја исткаеме иднината“ .

Што  всушност се работеше  5 –те дена ? Се реализираа голем број на активности: игри за кршење на мразот, креирање на облека од рециклирани материјали,  изработка на постери за презентација на дизајните, презентации за реупотреба на рециклираните материјали, боење  на природни и вештачки материјали со природни и синтетички бои .Гостите и домаќините ја посета и  текстилната фабриката “Комфи Ангел„,воодушевени од нивната рабоата,го посеија   факултетот за текстилно инжењерство  при универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ,односно едукативниот центар во Прилеп,   ги посетија Музете, а беше организирана и еднодневна екскурзија до Охрид,  музеј на народни носии во Преспа и секако беа домнаќините СОУ Орде Чопела се пофали со културно – историски знаменитости на  Прилеп.

Сето ова го слеше и експерт од Манчестер (Велика Британија).

Каков впечаток остави СОУ “Орде Чопела“ од Прилеп? Пофалби за многу успешно  организираните активности, така што гостите беа видно задоволни од реализираното и изразија искрени желби за понатамошна соработка и на други проекти во иднина.  Како што многумина од нив изјавија за РАДИО ПЕЛА, многу пријатно се чувствуваа во Македонија и беа водушевени од гостопримството, трпението, љубезноста и сериозноста при изведувањето на активностите за учење,ЗАШТО  централно место имаа учениците кои се  многу мотивирани ,а  нивните јазични и научни компетенции се видно унапредени.

Овој Еразмус+ проект на СОУ “Орде Чопела“ – Прилеп започна на 1-ви септември  минатата, 2016 год, а завршува на 31/август ,идната , 2018 год.Во рамките на ова  преостанува уште проектни состанок во Чешка. во април 2018 година.

Кординатор на проектот на проектот Еразмус+  во  СОУ „Орде Чопела“ Прилеп е  мр.Каролина Дамјаноска .

 

 

Би можело да ве интересира

Атрактивноста на дефицитарните струки во СОУ „Наум Наумоски Борче“ Крушево препознати од новите средношколци

Одбележан 11 мај Денот на сообраќајната култура во Прилеп – Заедно можеме да создадеме побезбеден сообраќај за сите!

Гордана Цветаноска

Градина во градинка – едукативна иницијатива на ЈОУДГ „Наша иднина“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе