7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Досега официјално 6 кандидати за претседател на гласачкото ливче

Пратеничката и универзитетска професорка Гордана Силјановска-Давкова и официјално е кандидат за претседател на државата, откако денеска големо мнозинство делегати на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја потврдија нејзината кандидатура за претстојните претседателски избори. Од 454 присутни делегати на конвенцијата што се одржа во Филхармонија во Скопје, за кандидатурата на Силјановска-Давкова гласале 444, а покрај тоа  Силјановска-Давкова најави дека ќе ги собира потребните 10 000 потписи од граѓаните.

Досега  пет кандидати за претседателските избори со граѓанска поддршка си обезбедија место на избирачкото ливче: Бујар Османи од ДУИ, Максим Димитриевски од ЗНАМ (За Наша Македонија), Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“, Билјана Ванковска од Левица и Стевче Јакимовски од ГРОМ.  Утре се очекува, исто така, на партиска конвенција и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) да ја официјализира кандидатурата на актуелниот шеф на државата, Стево Пендаровски, кој исто така најави собирање на 10 000 потписи.

Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 24 април годинава, а вториот, доколку е потребно, две недели подоцна – на 8 мај, заедно со парламентарните избори.

Би можело да ве интересира

Двојно зголемен бројот на повици во прилепската Служба на Итна помош

Гордана Цветаноска

Каква е состојбата со Вештачкото езеро Прилеп?

Гордана Цветаноска

Наградата на град Прилеп за животно дело во рацете на дуетот Селимова-Желчески

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе