12 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

ЧЕЛИЧНА ТУПАНИЦА : Прилепчаните Ице Трајкоски и Матеј Чатлески ќе настапат на овој спектакуларен боксерски настан

ЧЕЛИЧНА ТУПАНИЦА” е  спектакуларен боксерски настан кој закажан на 22 март 2024 година и претставува вистинско боксерско воодушевување. Ова е момент кога тројца македонски боксери ќе настапат во рингот со цел да го докажат својот потенцијал. Ице Трајкоски ќе се бори во својата петта професионална борба против боксер од БиХ, додека дебитантите Тоше Цветков и младиот перспективен боксер Матеј Чатлески ќе се појават за првпат во професионалниот ринг, спремни да ја покажат својата боксерска умешност и талент.

Ова е шанса на сите македонски боксери да го покажат својот потенцијал и да чекорат во добра професионална кариера. Сите боксери се во одлична форма, очекуваме борби полни со експлозивни акции. По настанот, планираме да организираме неколку боксерски ревии во Македонија, со што ќе продолжиме да ги презентираме нашите титани во рингот со цел да ги внесеме во фокусот на вниманието на публиката вели Дарко Чатлески секретар и менаџер на Про Бокс Македонија.

Би можело да ве интересира

ТеаАндреа/ХајфКафе победник на светиниколскиот турнир во мал фудбал (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Се зацврсти ударната сила на Победа

Два медали за прилепските боксери од БК АС од интернационалниот турнир “Арена куп ” Скопје 2023 (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе