8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Неизвесно, но борбенo и пожртвувано до крај, бодовите останаа во Прилеп

Ракометарите на Прилеп на домашен терен го совладаа незгодниот состав на Голден Арт, со 26-23, со пресврт во второто полувреме. Прилепчани поведоа на старот од натпреварот, гостите успеаа да изедначат и кратко да го променат резултатот . Така се одвиваше  и второто полувреме, резултатски „ладно- топло“, со минамална предност, де на домашните, де на гостите.

Натпреварот се одвиваше со неколку исклучувања и црвени картони , и кај домашните ( Никола Цветаноски,  заработи трето исклучување и доби црвен картон) , и кај гостите, ( кои  уште во првите минути останаа без голманот  Димитар Бардакоски, кој во обид да спречи контра напад на Шабановиќ, го фаулираше), а резултатот се „кршеше“ со постојана неизвесност до крајот на мечот. Беше 21-21, па 23-23, но по тајм-аутот гостите згрешија неколку пати, а за тоа беа казнети, и прилепските ракометари со две одлични одбранни на Ангелески  се одлепија на плус три,  па со крајниот резултат 26-23, бодовите останаа во Прилеп.

Прилеп сега на табелата има 24 бода и е на врвот, пред Еурофарм Пелистер 2 кој има 21 и Куманово со 20, кои сеуште  го немаат одиграат својот меѓусебен натпревар.

Но, е извесно дека РК Прилеп ја остваруваат својата цел што ја зацртаа – опстанок во суперлигашкото друштво!

Инаку, на овој натпраевар Шабановиќ со седум и Рајатовски со шест погодоци беа најдобри стрелци во  составот  на прилепчани .

Во следното коло Прилеп гостува кај Мулти Есенс кои се петти на табелата.

Би можело да ве интересира

Победа обезбеди опстанок во Втората лига

Стартуваа натпреварите во третата фудбалска лига југ – голови на секој “ќош”(ФОТО)

Никола Димески

Победа утре стартува со подготовките за пролетниот дел

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе