Во село Глуво, општина Чучер Сандево стартува еден од најголемите турнири во мал-фудбал, на кој зеде учество и Радио Пела. Екипата на Радио Пела – Прилеп, на првиот натпревар од XVIII (осумнаесетиот ) меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски Рајче“ во скопско Глуво, вечерва ја победи екипата на Фуат Дизајн, со висока гол разлика, Радио Пела – Фуат Дизајн, 9:3.
Фудбалскиот состав : Кристијан Даноски, Дарко Путески, Ѓорги Попоски, Теодор Димитровски, Евгениј Костадинов, Кирил Костов , Илчо Мојсоски, со својата игра беа наградени со бројни аплаузи од присутната публика, која вечерва уживаше во секој постигнат гол од фудбалерите на екипата на Радио Пела -Прилеп.
“ Дечки честитки! Среќно до финале„- како Радио Пела, навиваме за нашата екипа!
На годинашното издание на традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски Рајче“ учествуваат 24 футсал екипи, кои натпреварите ги започнаа викендот и кои ќе се натпреваруваат во текот на овој месец. Екипите се поделени во четири групи, а ќе бидат одиграни без малку 150 натпревари на отворениот футсал терен под рефлектори . Само двете последно пласирани екипи нема да обезбедат пласман во разигрувањето, односно осминафиналето.
Организациониот одбор, се погрижи да обезбеди и одличен награден фонд за трите првопласирани екипи во вкупна вредност од 300.000 денари.
Меморијалниот турнир селото Глуво го организира во чест на фудбалската легенда на фудбалскиот клуб „Вардар“ Љубомир Рајчевски – Рајче, кој потекнува од село Глуво, Скопска Црна Гора, Општина Чучер Сандево.