29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

РК Прилеп го покажа вистинскиот квалитет против Борец

За РК Прилеп проблемите на стартот поради техничките пречки и некомплетната екипа на натпреварот против Бутел, се минато. Ова го покажа мегданот со Борец кога дојде до израз вистинскиот квалитет на екипата. Прилепчани во второто коло, прв пат на домашен терен покажаа дека се цврст тим и незгоден противник.
Но до првата победа од 33:22 Прилеп не стигна лесно.
Гостите, екипата на Борец, на стартот поведоа со 3:0 што ја подгреа желбата кај домашните ракометари вистински да се спротивстават со серија од 4 гола и водство од 9:6. Првите 30 минути завршија со резултат од 17:13, а второто полувреме потребно беше да се зачува и надогради предноста, што прилепчани умешно го изведоа.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Бозароски и Шокоски со по седум голови, а Органџиев даде пет погодоци.

Би можело да ве интересира

ПО ДЕБАКЛОТ ВО КАМЕНИЦА, ПОБЕДА ПАК Е ВТОРА

Охрид и Еурофарм Пелистер 2 финалисти на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Пела Редакција

Ракометарите на Прилеп се изборија за плеј-оф

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе