10.9 C
Прилеп
недела, 20 октомври, 2024
Пела Радио

Новинарите и еколошките активисти едногласни против злупотребата на рудното богатство

Триесетина новинари и еколошки бранители од Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија. Босна и Херцеговина и Турција изминативе три дена во хотелот Романтик, во Велес, се собраа  да проговорат за темата која што се’  повеќе не’ засега сите нас и станува актуелна, а тоа е рударството и неговото влијание врз деградирањето на животната средина и врз здравјето на граѓаните.

Овој тренинг го реалзираше невладината органзација „Новинари за човекови права“ од Скопје, со помош од еколошката на  организацијата Еартворкс ( Eartworks). Наташа Доковска, програмски директор на Новинари за човекови права, вели дека потребата од ваков тренинг дошла како резултат на актуелноста на оваа тема од една страна, а  недоволната нејзина присутност во медиумите од друга страна.

Ме прашаа која е врската меѓу новинарите и еколошките бранители и за потребата од нивно вмрежување на овој тренинг. Правејќи проценка на ситуациите со рударењето во Западен Балкан и Турција, заедно со колешката Андреа Накова, дојдовме до сознанеие дека оваа тема иако е актуелна многу малку е присутна во медиумите, односно новинарите или немаат знаење или немаат заштита за да информираат за истата. Од тие причини заедно со организацијата Еатворкс (Eartworks) одлучивме да го направиме овој тренинг за зајакнување на капацитетите на новинарите кои што ја третираат оваа тема и кои се недостатоците кои требада се исправат -вели Доковска.

ПАРИ ИЛИ ЗДРАВЈЕ?

Во првиот ден од овој настан свое излагање имаше активистот Игор Смилев од Велес, кој е долгогодишен борец против еколошките проблеми, а сета негова борба започнала во време на иницијативата повторно активирање на топилницата во Велес. Тој ги раскажа своите семејни трагедии предизвикани од емисијата  на штетни гасови во Велес, како и неговиот пат од  „еколошки терорист“ до „еко-херој“ кој во 2018 одина беше прогласен за децениски активист во Велес за промоција на здравата и чиста животна средина. Во 2024 германско-француската документарна телевија Арте ги проверила сите факти во врска со еколошките проблеми на Велес, и ја снимила комплетната приказна. Сепак, последиците од загадувањето во Велес се уште се чувстуваат.

На два километри одцентарот на Велес се наоѓа еден црн рид. Станува збор за  вештачки рид создаден од згурата,односно отпадот од топилницата кој триесет до четириесет години се таложел на тоа место. Тој црн рид е симбол на црната судбина на велешеани.  Од експертското проверување на примероци од овој рид, пронајдена е енорбна количина на цинк. Се работи на наоѓање начин за расчистување на тој рид, но патот е повторно долг и тежок-вели Смилев, кој порача дека сите мора да се бориме, надминувајќи го стравот и постигнувајќи ги целите за живот во еколошка средина за нас и за нашите деца.

Во однос на штетноста и токсичноста на супстанците, особено на оние кои се добиваат и се активираат за време и по ископувањето на руда, говореше проф. д-р Михаил Кочубовски, ескперт од областа на здравствената екологија и доскорашен директор на Институтот за јавно здравје во Скопје. Кочубовски укажа дека новинарите кои известуваат за еколошките теми, несомнено мора да имаат знаење од областа и да ги консултираат луѓето од науката односно од нив да бараат експертски анализи и студии.

Иако  битката против повторното ревитализирање на топилницата во Велес е добиена, сепак на Македонија и на регионот им се случуваат нови еколошки катастрофи, од кои некои веќе зафаќаат големи размери.

ЌЕ ДОЗВОЛИМЕ ЛИ НОВИ РУДНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА?

Во Македонија имаме повеќе еколошки жаришта каде според научните истражувања и според алармирањето на непосредно загрозените граѓани, можат да се случат големи еколошки проблеми со сериозно негативно влијание врз здравјето на луѓето, загадувањето на почвата, водата, воздухот, обработливите површини, шумите и т.н. Актуелен е случајот околу потенцијалната изгадба на рудници во околината на Струмица.

Ѓорѓи Танушев, активист од здружението Здрава котлина од Струмица за Радио Пела, говореше за моменталната состојба во која се наоѓа овој случај.

Чекаме да видиме што ќе преземе новата Влада и новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и како ќе постапи со случајот со рудниците во југоисточна Македонија. Очекуваме да се стави крај на голготата која трае веќе седум-осум години. Закажавме состанок со министерката за рударство и енергетика кој треба да се случи идната седмица. Концесионерот се обидува да ги спои двете концесии. Тоа се случи и во време на владеењето на претходната влада, но сепак одлуката беше вратена назад и не дојде до спојување на тие концесии. Моментално ситуацијата е мирна, но ќе видиме што ќе се случи-рече Танушев.

Моменталните проблеми со водата во Струмица, како што вели Танушев ги изразува ефектите што ќе ги има доколку  се дозволи постоење на таков рудник таму, кој уште повеќе ќе ги користи водните ресурси, а загадувањето ќе биде многу поголемо со никел, кадмиум, бакар и други елементи.

Танушев истакна дека свесноста кај луѓето од потенцијалната опасност е многу зголемена благодарение на нивната иницијатива и на протестите што ги органзираат но и благодарение на помошта од медиумите.

Дефинитивно медиумите многу помогнаа. Без нив немаше да се рашири свесноста за овој проблем. Националните и локалните медиуми завршија голем дел од работата а овозможија и наше соочување со потенцијалниот инсвеститор. Тие помогнаа да се види вистинската слика за нештото. Што и да се случи народот благодарение на ова е сензибилизиран и ќе остане подготврн да реагира ако некој во иднина се обиде да си игра со неговиот живот-рече Танушев.

Што се однесува до Македонија, проблем со потенцијална израдба на рудник имаме и во близина на Прилеп, во населеното место Ореовец, каде со изградба на рудник би се загрозил единствениот природен извор на вода за селото и за Прилеп кој и онака уште пред повеќе од дваесет години има проблеми со водоснабдувањето.

ИНСТИТУЦИОНАЛАНТА НЕГРИЖА ПРЕДИЗВИКА НЕСРЕЌА ВО БиХ

Присутните новинари и активисти од повеќе држави, имаа свои излагања и ги презентираа проблемите со кои се соочуваат граѓаните во нивните држави.

Заради институционална негрижа кон еден запуштен рудник во Босна и Херцеговина, неодамна се случи еколошка катастрофа, во која загинаа повеќе од дваесет луѓе. Новинарот Вердан Продиќ, присутен на овој тренинг зборуваше за ситуацијата и за причините за настанувањето на истата.

Актуелниот случај е проблем кој  датира повеќе од дваесет години. Тоа значи дваесет години оштинска негрижа, и потполно занемарување на луѓето кои живат во подножјето на еден каменолом кој немаше дозвола за работа. Дваесет години луѓето укажуваа дека тоа е потенцијална опасност, меѓутоа и покрај сите тие апели, сите нивоа на власт го занемаруваа овој проблем-објаснува Продиќ.

Во прашање е рид кој се наоѓа петстотини до шестотини метри над населено место. Тој каменолом се користеше со години и никој не знаеше колку длабоко се копало таму од сосптвеникот кој работел цело време без дозвола. Тој ископуваше јабланички камен кој е многу квалитетен и има висока цена во светот. Низ годините неколјупати доаѓале инспекции и пишувале многу мали казни на адреса на сопственикот. Казните по висина се минорни во споредба со заработката која соптвеникот ја имал продавајќи го каменот што до ископувал.

Ситацијата ескалираше една ноќ во почетокот на октомври. Уште пострашно е што тоа се случи во време кога луѓето спијат.  Очевидците односно самите жртви на несреќата кои преживеаја, кажуваат дека сето тоа се слуичо за многу кратко време и дека сето тоа излгедало ужасно. Во пет минути „избришани се“ десетици куќи, исчезнаа десетина луѓе за кои се трагаше речиси две седмици-рече Продиќ.

Тој додаде  дека во сите овие дваесет години новинарите известувале периодично затоа што досега не се слчиле големи ескалации а и новинарите не биле упатени во однос на тоа колква штета е тука направена. Инспекцијата пред одреден период утврдила дека местото е зараснато и дека не се користи. Меѓутоа катастрофата што се случи укажува нешто спротивно. Сателитските снимки покажуваат дека машините кои таму стојат од време на време се поместувале што значи дека работеле. Инспекциите доаѓале, луѓето апелирале до општинските и кантналните власти но без резултат.

ВО ТУРЦИЈА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СТАНУВААТ РУДАРИ

Турскиот новинар и програмски  уредник на вестите на TRT-World, Ахмед Раза во рамки на овој тренинг одржа сесија за здравјето и безбедноста на медусмките работници, особено кога известуват од подрачја со висок ризик, а за етиката на новинарите во известувањето за еколошки теми говореше експерот за медиуми Филип Спировски.

Турскиот новинар Ибрахим Ѓундуз пак, преку презентација, жив говор и видео материјали ги запозна присутните со состојбите во Турција во однос на масовното рударство и последиците кои ги трпи населението. Преку материјалите беше прикажана трагичната трансформација на областа Плато и планот за изградба на рудници за злато, потоа последиците од рудникот за злато Фаца и отпадните води од работата на рудниците кои директно се слеваат во природните извори, како и за рударската несреќа во Чоплер која извршила големо загадување на селото и на реката Еуфрат. Според него, Турскиот народ не добил ништо добро со изградбата на рудниците, а материјалниот бенефит завршил кај картелите, власите и компаниите.

Државата Турција и неолиберализмот кој владее  ги претвори земјоделците во рудари, минимизирајќи ја важноста на земјоделството-нагласи тој.

БОР Е ЖРТВУВАНА ЗОНА, А НА ЈАДАР МУ СЕ ЗАКАНУВА ЦЕЛОСНО УНИШТУВАЊЕ

Активистите и новинарите од Србија изнесоа застрашувачки податоци за прекумерната експлоатација на рудниците во Бор кои се во сосптвеност на две кинески компании и за огромниот пораст на заболени од рак заради емисијата на штетни гасови. Новинарката Гордана Момчиловиќ Илиќ низ нејзиниот авторски документарен филм ги пренесе фактичките состојби, а активистот Дејан Николиќ укажа на различните  здравствени, еколошки, економски, демографски и социолошки аспекти кои се загрозени заради работата на рудниците.

Новинарот и активист  Мирослав Мијатовиќ сликовито ги претстави состојбите и сериозната закана за цел еден регион заради потенцијалните ископи на литиум од страна на компанијата Риотинто. Негоите искази беа особено важни за да се разгледаат аспектите на известување од страна на новинарите и од страна на активистите и да се најде мерата во тоа, а да се постигне целта со намалување на можноста некому да се наштети.

МИНИСТЕРКАТА НЕ ЈА ПРИФАТИ ПОКАНАТА

Програмската директорка на Новинари за човекови права, Наташа Доковска, го оцени како успешен. Констатирано е дека нивото на новинарите на Балканот и во Турција е слично и дека е потребно многу да се работи на зајакување на капацитетите не само на новинарите туку и на редакциите. Исто така, констатирано е дека  дека речиси ниедна редакција нема специјализран тренинг за новинарите кои се испратени на терен да известуваат од настани со висок ризик,  дека многу малку се дава простор за темите поврзани со животната средина и многу малку од новинарите добиваат информации на оваа тема бидејќи постои  институционална  нетранспарентност и  новинарска незаинтересираност.

Доковска укажа и на недоволната информираност кај граѓаните и недостапноста на релевантни извори на обезбедување на информациите, посочувајќи

Голем дел од граѓаните во Северна Македонија се прашуват зошто ни е потребно Министерство за  и енергетика, рударство и минерални суровини а тоа никој не го објасни. Зошто ни е потребно ова новосоздадено министерство кога во Македонија имаме премал број на рудници? Никој не го објасни тоа.  Ние на оваа меѓународна средба ја поканивме министерката Сања Божиновска со цел да објасни пред сите новинари, но таа не се одважи со присуство на средбата. Имавме новинари од седум држави, но немавме ни еден претставник од министерството да им каже добредојде на гостите.

Во практичниот дел од тренингот новинарите и екоактивистите беа поделени во работни групи и работе на поставување на план за креирање содржини во врска со изложените еколошки проблеми во Македонија и во регионот. Се дискутираше и за важноста на наративот во известувањето, сензационализмот и објективноста во известувањето како и за важноста од еколошко образование кај новинарите и кај граѓаните.

Важноста на овој тренинг, според органзиаторите, но и според присутните се огледа во можноста за заедничко дејствување и трасирање на патот за во иднина со оглед на тоа што е заклучено дека е потребно вмрежување, соработка и меѓусебно споделување на информациите како и комуникација со еколошките бранители како начин за заедничка борба против злото што може да биде причинето од страна на рударската индустрија.

Известува: Филип Димкоски

Фото: Новинари за човекови права

Би можело да ве интересира

Екстремно високи температури оваа недела со УВ зрачење 9/10

Хуманоста на дело – Крводарителска акција во прилепскиот затвор (фото)

Прилеп: 4 оздравени, а 3 нови случаи заразени од корона вирус

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе