13.4 C
Прилеп
петок, 28 март, 2025
Пела Радио

Витаминка овозможува бесплатни прегледи за вработените мажи во компанијата

Во насока на проширување на грижата за вработените Витаминка организира бесплатни специјалистички прегледи за околу 300 мажи вработени во компанијата. Станува збор за прегледи на доброволна основа кои веќе се спроведуваат од почетокот на декември а ќе траат до крајот на март следната година. Прегледите кои ќе се изведуваат во приватна здравствена установа во Прилеп, вклучуваат ехо на абдомен (бубрези, црн дроб, простата, жолчно кесе, панкреас, слезина, абдоминална аорта).

Со спроведување на ваквиот вид прегледи, компанијата  покажува грижа за здравјето и добросостојбата на мажите од сите возрасти вработени во компанијата и поттикнува самосвесност за потребата од редовни прегледи. Оваа активност е уште една од низата практики за заштита и унапредување на безбедноста и здравјето во работењето.

„Искуствата покажуваат дека кога компанијата дава приоритет на здравјето, безбедноста и благосостојбата на вработените, бенефит има самата компанија, но многу поважен е бенефитот за вработените. На овој начин кај вработените се поттикнува свесност за грижа за сопственото здравјето и се создава култура на редовни прегледи. Грижата за вработените не треба да се сведува само на унапредување на нивниот придонес за компанијата, туку и за нив самите. Ние во Витаминка ставаме приоритет на здравјето на сите наши вработени со цел да создадеме здрава и продуктивна  работна средина и да ги поттикнеме вработените да вршат редовни здравствени прегледи“, велат од Витаминка.

Витаминка континуирано се грижи за здравјето и добросостојбата на своите вработени со редовно организирање на разни специјалистички прегледи, кои неретко се спроведуваат и во самата компанија. Прегледите за рак на дојка се организираат два пати годишно, ехо-прегледи на дојка и тироидна жлезда, анализа на витаминско-минерален статус за вработените а отсега и специјалисти прегледи за мажи.

Би можело да ве интересира

Целовечерен концерт на ансамблот „Стефче Стојковски“ во Прилеп

Пела Редакција

Што содржи согласноста меѓу откупувачите и тутунарите?

Гордана Цветаноска

Петровден е еден од најголемите празници по Велигден

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе