2.2 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

Граѓански парламент – ново советодавно тело во Општина Прилеп

Формирање на „Граѓански парламент“ најави новиот градоначалник на Општина Прилеп, Илија Јованоски, веднаш по преземањето на функцијата од својот претходник Марјан Ристески. Во новото советодавно тело ќе учествуваат сите заинтересирани граѓански здруженија, невладини организации, граѓански иницијативи, неформални групи и поединци кои сакаат да споделуваат идеи и иницијативи од општествен интерес.

Јованоски заблагодарувајќи се за поддршката на 15 октомври истакна дека  „Граѓански парламент“, ќе биде парламент на сите градски здруженија, на сите невладини организации и на сите граѓани кои сакаат поединечно да учествуваат со идеите за подобрување на животот во локалната заедница.

“Сите заеднички ќе го правиме буџетот на локалната самоуправа, сите заеднички ќе ги уредуваме приоритетите што треба да се направат. Едни од моите главни приоритети ќе бидат квалитетно решавање на водоснабдувањето на Прилеп и патната инфраструктура“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Граѓанскиот парламент би одржувал седници еднаш во месецот. На првиот ден од работата во градоначалничкиот кабинет Јованоски оствари и неформална средба со новинарите од Прилеп на која вети транспарентно и отчетно работење и соработка со сите медиуми.

Би можело да ве интересира

По пауза од две години во Ресен и Преспа се одржа „Ајде шана мана под Галичица“.

ИН МЕМОРИАМ: Почина уметникот Илија Миноски – Мината

Гордана Цветаноска

Градскиот пазар ќе работи и во сабота, стартува и јавниот градски превоз

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе