,,Траги на времето“ е изложбата на дела од прилепчанката Верче Николоска
што ќе биде отворена утре од 19 часот во Ликовниот салон од
ЦК ,,Марко Цепенков“.
Уметницата Верче Николоска која долги години работи во повеќе техники – цртеж,
графика, колажи, ќе се претстави со 22 дела работени во акрил на платно. Ќе бидат
изложени и пет дела од малата внука Теона, која пројавува интерес за уметноста.
– Делата се апстракции на кои ги пренесувам моите чувства, визии, за уметноста,
бидејќи живеам за уметноста. 25 години постојано се надоградувам како уметник.
Апстрактниот ескпресионизам најмногу ми лежи, иако работам и други мотиви. Освен
колажите, цртежите и графиките сум создала и дела од глина – вели Верче, која досега има
реализирано шест самостојни изложби, од кои ова и е трета во Прилеп, а учестувала на
бројни ликовни колонии. Член е на ДЛУП.