16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

ПОРАДИ ТОПЛОТНИОТ БРАН ВЛАДАТА ПРЕПОРАЧА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД РАБОТНИ ОБВРСКИ НА ТРУДНИЦИ И ЛИЦА НАД 60 ГОДИНИ

Министерството за здравство објави дека согласно прогнозите од УХМР, денеска се активира фаза 3 заради превенирање на последиците од топлотниот бран врз здравјето на населението. Оваа фаза ќе трае до 8 јули.

На предлог на Министерството, Владата донесе неколку препораки:

– Ослободување од работни обврски на бремени жени и лица постари од 60 години, што не се однесува на вработените во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија).

– Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17.00) за работници изложени на директна топлина.

– Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо.

– Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа: простории со температура до 25 Целзиусови степени, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку.

– Сите здравствени установи, установи за згрижување стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

„Мерките имаат за цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност“, кажаа од Министерството за здравство.

Македонија, како и голем дел од јужна Европа, е погодена од топлотен бран. Во следните денови се најавуваат максимални температури од 32 до 41 Целзиусов степен низ земјата.

 

 

Би можело да ве интересира

Уметникот Рубенс Корубин основоположникот на неоромантизмот и фудбалерот Јове Магдески (постхумно) се добитници на наградата за животно дело на град Прилеп

Пела Редакција

Чупетрески: 19 ти нека биде ден на нова револуција на прогресивната и слободоумна идеја

“Comfy Angel”со караванот за поддршка на младите во спортот патува во Охрид

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе