21.7 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Уметникот Рубенс Корубин основоположникот на неоромантизмот и фудбалерот Јове Магдески (постхумно) се добитници на наградата за животно дело на град Прилеп

Уметникот Рубенс Корубин, основоположникот на неоромантизмот во светски рамки и фудбалерот Јове Магдески (постхумно) се добитници на наградата за животно дело на град Прилеп, по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето.

Ова беше соопштено  Комисијата за одбележување на значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп на денешната прес-конференција ги соопшти наградените.

Претседателот на Комисијата Игор Николоски ги соопшти наградените со плакета Трети ноември за институции кои дале придонес во развојот на градот и на наградените со дипломи “Трети ноември’ за поединци.
Добитници на наградата Плакети 3-ти Ноември се: фирмата „Микросам“ за 35 години постоење, театарот „Војдан Чернодрински“ за 75 години од постоењето, НВО Ханд тил Ханд“ од Шведска за нивните хумани донации во здравството, Интеракт клубот „Мирче Ацев“ за хуманоста на млaдите ентузијасти и Извидничкиот одред „Феникс“ за десетгодишно постоење.
Дипломи 3-ти Ноември ќе им бидат доделени на новинарката од МТВ Елизабета Митреска за особениот придонес во новинарството, на поетот Петре Кироваков, на д-р Билјана Консулоска Гвероска – автор на научни трудови од областа на земјоделството и на Владимир Ѓорѓиески, репрезентативец на Македонија во билијард.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на свечена седница на Советот на Оптшина Прилеп на Трети ноември, кој аќе се одржи  во салата на ЦК “Марко Цепеков“ .

Би можело да ве интересира

СВР Битола: Исконтролирани 394 возила и возачи, најмногу казни за брзо возење

Во прилепските средни училишта слободни места за упис има за 1.500 ученици

(ВИДЕО) Протест на привремено ангажираните во прилепската болница

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе