16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

По кражбата, водоводот до манастирот „Трескавец“ вратен во првобитна состојба

По кражбата, водоводот до манастирот „Трескавец“ вратен во првобитната состојба

Водоводот до манастирот Трескавец, кој требаше да биде пуштен во употреба во март,  е обновен. Директорот на ЈКП Водовод и Канализација – Прилеп, Игор Гулабоски посочи дека по настанатата гражба на почетокот на годината на дел од водоводниот систем, локалната самоуправа во соработка со опшествено одговорна компанија и ЈКП  В и К , ги набавиле потребните средства и веќе, водоводната мрежа до манастирот „Трескавец“ е обновена пред две неели и вратена во првобитната состојба. Но,  кога би било пуштањето во употреба на водоводната мрежа во конаците на манастирот, Гулабоски нагласи дека претпријатието нема ингеренции за овој зафат, зашто комплексот е под заштита во делот на културното наследство.

„Лично манастирот треба да направи проект за внатрешната водоводна инсталација„ – рече Гулабоски на прес конференција

Во февруари  непознати сторители ги украле каблите и дел од електрониката на новиот водовод од манастирот Трескавец  со што се одложи неговото пуштање. Кражбата беше проценета на 10 илијади евра. Крадците беа пронајдени и  веќе има судски процес против нив.

Инаку, водоводот за манастирот Трескавец со пречистителна станица се градеше со 100.000 евра,  обезбедени од ТАВ-програмата и со уште 3 милиона денари од буџетот на прилепската локална самоуправа. Најавите,тогаш, беа дека ќе биде готов до крајот на 2023 година.

 

Би можело да ве интересира

Центар за управување со кризи: патните правци во Пелагонија се проодни

100 години од раѓањето на Тодорка Кондова Зафировска

(ВИДЕО) Во тек се активностите за чистење на речното корито на градската река – кај населбите Чачорица и Бончејца

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе