23.8 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Центар за управување со кризи: патните правци во Пелагонија се проодни

Центарот за управување со кризи информира за состојбата со врнежите од снег и состојба на патиштата до 13:30 часот:

Регионалните патишта Крушево – Прилеп и Крушево – Демир Хисар се проодни, додека патниот правец Крушево – Пуста Река е втор приоритет и ќе се чисти по престанокот на врнежите, но е прооден за возила со зимска опрема.

Патните правци кон ски-центрите Пелистер и Нижо Поле се проодни во зимски услови. Приоритетните улици и патишта во Битола се исчистени и опесочени, а екипите на ЈП „Македонија пат“ и ЈП „Нискоградба“ со целосна механизација работат на расчистување на останатите делници.
Во општините Новаци и Могила нема непроодни патни правци.

Сите државни патишта во земјава се проодни и безбедни за сообраќај. Поради врнежите од снег, Автомото-сојузот на Македонија, апелира на зголемена внимателност при управување со возилата:

„Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно ангажирани на терен, со потребната механизација и работна сила, и континуирано вршат расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се преземаат активности за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Покрај внимателното и совесно возење, АМСМ препорачува задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патиштата. Возачите се советуваат навремено да се информираат за состојбата на патните правци преку информативните центри.

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила се воведени на планинските превои Стража, Маврово – Дебар и Пресека.“

Би можело да ве интересира

Патронот на ООУ „Страшо Пинџур“,одбележан пред новопоставената биста на херојот

„Живот повторно“ настан организиран од храброто момче Димитар Радески

Вечна им слава – 21 година од погибијата кај Карпалак

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе