26.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Братот и сестрата Зероски со нов медитерански хит

„Среќа е“ (Sreća je) е насловена новата композиција испеана од познатиот прилепски пејач Теди од дуото „Теди и Рубин“ и неговата сестра Билјана позната по учеството во регионалното шоу „Никогаш не е доцна“
Станува збор за медитеранска, романтична мелдодија со порака за љубов. Песната нe’ учи дека среќата  не е во очекувањето туку во давањето на љубов кон ближните. Истата е плод на соработката помеѓу композиторот и аранжерот Нихад Володет од Сараево и пејачката Билана Зероска која потекнува од Прилеп, но живее во Лондон.
Пораката е да го успориме животот за да почувствуваме колку сакаме и колку сме сакани.
Музиката и аранжманот за композицијата се на Нихад Володер, текстот е на Билјана Зероска, а спотот во режија на актерот Игор Трпчески го изработи Фан Продукција. Во спото, снимен во винаријата Камник и во ресторанот Цесарица во Скопје,  гостува музичката група Тхе фоур, а учествуваат и актерите Бобан Алексоски и Надица Петрова.
Премиерата на песната и наспотот се случи на TВ Хајат, а предвидена е македонска и балканска промотивна турнеја.
Билјана и Теди Зероски  месецов настапија и на манифестацијата „Лушке зјезде певају“ во Вела Лука, Хрватска.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Прилепскиот театар 73 години од постоењето ќе го одбележи со претставата „Декамерон“

Опција за убав викенд -„Крушево низ корија“

Една третина од буџетот ја чини сивата економија во земјоделството

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе