Вчера попладне дете од с. Канатларци настрадало од пневматско оружје. Како дошло до застрелувањето, нема објаснување, но по интервенција на Итната помош детето итно е префрлено во Клинички центар во Скопје.
Настанот се случил на 28.08.2025 во 18:45 часот, кога во ОВР Прилеп било пријавено дека во Клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје со повреда од дијабола од пневматско оружје било донесено 11- годишно дете од с.Канатларци.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

