16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Поради недостиг на вода ЈКП „Водовод и канализација„ ги вклучи бунарите

Поради недостиг на вода ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп ги стави бунарите во употреба. Според нивното соопштение објавено на социјалната мрежа Фејсбук во моментов намалена била издашноста на изворот Студенчица и зголемена била потрошувачката на вода.

„Во изминативе неколку денови се соочувавме со недостиг на потребните количини на вода кои пристигнуваат од изворот Студенчица поради намалената издашност на изворот предизвикано од летниот сушен период. Но, исто така на ниво на град зголемена е потрошувачката на вода што не е очекувано за овој период од годината. Овие причини предизвикаа нарушување на водоснабдување на градот (посебно во повисоките зони). Со цел да се обезбедат количините на вода кои се потребни ЈКП”Водовод и канализација”Прилеп од денес ги стави во употреба дел од бунарите со цел да може да се нормализира водоснабдувањето во сите делови од градот. Но, исто така искрено замолуваме сите да се однесуваме совесно и рационално во користењето на пивката вода!„ информираат на својот ФБ профил од ЈКП 

Денска претпријатието информира дека  од Студенчица, а пристигнуваа  41л/с , од бунари и од сопствени извори 29л/с . Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има  улиците :
– ул. Ореде Чопела
– ул. Цане Илиоски
– ул. Савска
– ул. Борка Талески
– ул. Црвени стени
– ул. 11 Октомври
– ул. Крушевска

Би можело да ве интересира

Белиот Сивец мермер сеуште највисоко котира по својот квалитет во светот

Гори на Радобилски рид, во Македонија активни 6 пожари

Вакциналниот пункт против Ковид вирустот преместен во Здравствениот дом Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе