15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Заклучен избирачкиот список – има 7.551 избирач повеќе отколку на изборите во 2021 година

Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список за локалните избори изнесува 1.832.415 лица. Од овие избирачи во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.717.803 избирачи, информираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. Тоа значи дека за 29.539 се зголемил бројот на избирачите што се на привремена работа или престој во странство  и има 7.551 избирач повеќе од изборите во 2021 година.

Согласно евиденцијата на надлежните органи право на глас имаат вкупно 112.000 избирачи кои се на привремена работа или престој во странство, 2.162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица.
Во државата се констатирани 3.480 избирачки места, од кои во 132 избирачки места се потпишани помалку од 10 избирачи.
ДИК ги задолжи општинските изборни комисии во координација со подрачните одделенија и регионалните канцеларии на ДИК да преземат дејствија за известување на гласачите на оние избирачки места каде што се запишани помалку од 10 гласачи.

 

Би можело да ве интересира

Децата, учениците и студентите на принуден распуст ?!

Три дена гори мариовско – постои опасност за активација на стари гранати

Пела Редакција

Пожар кој пламнал поради запалена сува трева можел да биде “фатaлeн“ за една прилепска фабрика и противпожарно возило

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе