23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Ротари клубот донираше прочистувачи за воздух за уште две градинки во Прилеп

Во рамките на проектот „Чистиот воздух стандард во градинките во Прилеп“, Ротари клубот Прилеп опреми уште две детски градинки во градот со професионални прочистувачи на воздух,  со најсовремени филтри од реномиран производител.  Во оваа прилика прочистувачи за воздух добија градинките „Тризла“ и „Гоце Делчев“. Ротари клубот Прилеп донираше вкупно осумнаесет прочистувачи на воздух и на овој начин, ја заокружи акцијата за целосно опремување со вакви уреди на вкупно четири детски градинки во градот.

Вкупната вредност на донацијата во сите градинки е околу 16 илјади евра. Целта е да се обезбеди ниво на суспендирани честици во воздух (ПМ 2.5 и ПМ 10) во градниците на нормалата и да се овозможи децата да дишат чист воздух во градинките каде што поминуваат поголем дел од денот. Покрај тоа, прочистувачите обезбедуваат заштита и од вируси, бактерии и алергени, што исто така е многу важно кога станува збор за заштита на здравјето на најмладата популација. Интенцијата на Ротари клубот Прилеп е проектот да продолжи и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Тутунарите (земјоделците) молчат гласно!

Реализацијата на развојните планови во Прилеп наместо за една се развлекува за две наредни години

Пела Редакција

Прилепските пензионери не се откажуваат, бараат правда!!!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе