16.9 C
Прилеп
петок, 12 јуни, 2026
Пела Радио

Понеделник во Прилеп „СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД“

Во организација на ВК “Илинден“, в понеделник ( 25 мај) ќе се одржи традиционалната рекреативна велосипедска манифестација „Сите на Велосипед ’26“, која оваа година одбележува значаен јубилеј, 20 години од велосипедска традиција, дружење и  рекреација.

Собирното место на трката е Булеварот “Гоце Делчев“,  пред “Реклами„ во 11,оо часот, а стартот е во 12,оо часот. Право на учество имаат сите кои сакаат да возат велосипед, без оглед на старосна граница. Но, покрај исправен велосипед, учесниците ќе мора да носат кацига, како услов за учество на трката, за нивна безбедност.

Тркачката велосипедска рута  е: Прилеп – с. Мало Коњари – Прилеп, во должина од 20 км, а учесници можат да бидат цели семејства,  рекреативци,  деца и млади,  љубители на велосипедизмот. Целта е да се испрати порака дека велосипедот е најдобро алтернативно превозно средство која не ја загадува животната средина. „За поздрава животна средина и  здрав живот, за заедништво и рекреација“, потенцираат организаторите.

Настанот, во 20 години постоење, потврдува дека нуди одлична можност за рекреација, дружење и поттикнување здрави навики. Близу 500 учесници секогаш се дел од  трката „Сите на велосипед“, а интересот за учество од година во година е се поголем. Ова е најстара манифестација од велосипедски карактер. „Од неа излегувале таленти кои потоа се приклучувале во велосипедскиот клуб „Илинден“ како натпреварувачи“, посочуваат организаторите.

Рекреативна велосипедска манифестација „Сите на Велосипед ’26“ е со поддршка на Сојузот на училиштен спорт Прилеп,  Велосипедската федерација на Македонија, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, опшествено одговорни компании и е под покровителство на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

“Правото на изразување без цензура и ограничување“ – ораторска вечер за млади, организира Ротари клуб-Прилеп

Пела Редакција

Крушево домаќин на настан по повод Светскиот ден на туризмот: „Одржлива трансформација во туризмот“

Водата од неколку локални чешми е неисправна за пиење

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе