Мајката на Петар, Гордана Попоска од Охрид, повторно бара помош од хуманите луѓе за нејзиниот син за оперативен зафата, физикална и роботска терапија во Истамбул , за што се потребни околу 40.000 евра.
Обрајќајки се до нашата редакција таа вели:
– Драги хумани пријатели и сите хумани луѓе од Македонија и од странство. Знам дека многу од вас ја знаете нашата приказна за мојот син Петар, кој изминативе две години благодарение на вашата хуманост , вашата емоционална и финансиска поддршка која со зборови не може да се опише, придонесовте мојот Петар да дојде до последната операција која е закажана за почетокот на јуни.
Поради слаба циркулација во левата нога и големи болки кои не се смируваат ни со аналгетици и неможност да спие по цела ноќ, докторите ИТНО ни закажаа операција за да се ослободи од болката и деформитет на стапалото. Овие последици со кои се соочуваме, неколку тешки операции се од неговата ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit која за жал многу касно беше откриена.
За оваа операција и физикална и роботска терапија која следува по операцијата потребни се околу 40.000 евра! Операција повторо ќе биде во Истанбул, бидејќи поради неговата болест не може да е кај нас.
Јас како самохрана мајка која долги години ги минувам по болници не можам да ги обезбедам овие средства, но можам заедно со вас мои сакани хумани луѓе уште еднаш заедно да му помогнеме на мојот син Петар да го спасиме од големите болки и да отидеме навреме на операција.
Секој изминат ден за него претставува тешкотија која со операцијата ќе биде големо олеснување и ќе има голем напредок во неговата здравствена состојба.
Вие секогаш стоите зад нас ,ни давате надеж ,сила и не поддржувате на било кој начин. Доколку сте во можност и овој пат помогнете со било каква донација , споделете во поголем број за да може повеќе луѓе да се запознаат со нас!, вели мајката на Петар.
- Трансакциска сметка 270-7000821760.21 Gordana Poposka HALKBANK IBAN Cod MK07270700082176215 SWIFT EXPCMK22
- Telefoni za donacija: T. mob: 143 -161 / A1 :143-479
https://pavelandreev.org/mk/campaign/pomosh-za-petar?fbclid=IwY2xjawSNAslleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFreFRZN3pCajVDdVVXcGNzc3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHiTTjnB3U-Y0QnM_bEaLrNKCH34Dx7Bc36F79-_VLUdnPnSMLCPlGEO0J-y3_aem_Jy56lqbRJervpUfdbWMDqA“ на Фејсбук мајката на Петар – Гордана Попоска.

