22.7 C
Прилеп
четврток, 2 јули, 2026
Пела Радио

Стефан Спироски на „Охрид Фест“ со историска премиера: Ја пее последната композиција од 700-те на Кире Костов

Струшкиот пејач Стефан Спироски е пред еден од најзначајните настапи во неговата кариера. Оваа година, тој ќе има чест да ја испее последната од вкупно 700-те композиции напишани од легендарниот македонски автор Кире Костов. Песната, насловена „Дури постојам“, за која текстот го напиша Огнен Неделковски, премиерно ќе биде претставена на сцената на „Охрид фест“ на 27 август. Како се чувствувате во пресрет на овој значаен настап и колкава е тежината да се претстави дело што го носи потписот на Кире Костов? – „Оваа песна за мене има огромно значење и е проект кон кој пристапувам со најголема почит. Не е мала работа да ја донесеш последната композиција што Кире Костов ја напиша пред да нè напушти, а која остана како негов последен музички аманет. Чувствувам голема одговорност, но и огромна чест. Се надевам дека публиката ќе ја препознае емоцијата што ја вложивме и дека ќе ја прифати оваа песна како дел од богатото музичко наследство што ни го остави маестро Костов“, вели Спироски.

 

Би можело да ве интересира

На врвот Козјак оставете порака во кутијата

Убавините на Паркот на Могилата

Нега на кожата во есен

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе