26.8 C
Прилеп
четврток, 9 јули, 2026
Пела Радио

Вечерва нова музичка приказна со бендот „Side Quest“ на камената бина во Прилеп

Вечерва ново музичко доживување во рамки на проектот „Од 0 до КултурА“. На Камената бина, со почеток во 21:00 часот, ќе настапи прилепскиот панк-рок и поп-панк бенд Side Quest, млад состав кој со својата енергија, талент и авторски пристап го гради своето место на македонската алтернативна музичка сцена.

Бендот Side Quest, од 2023 година е дел од македонската алтернативна музичка сцена, а моментално го подготвува својот прв деби албум. Зад себе веќе има објавено авторски сингл, песна посветена на ФК „Победа“ и современа преработка на македонската народна песна „Ако одам во Битола“. Бендот има настапувано како предгрупа на повеќе познати домашни состави, а беше и финалист на фестивалот за млади бендови „Лузер Фест“.
Публиката вечерва ќе има можност да ужива во музичко патување низ историјата на панк-рокот – од бендовите кои го поставија темелот на овој музички правец, па сè до современите влијанија што го обликуваат денес.

Би можело да ве интересира

Кои ја сочинуваат кандидатската листа на СДСМ за членови на Совет на Општина Прилеп?!

Пела Редакција

(Видео) На фестивалот ДАФ-Кочани најдобра претстава е „Чернодрински се враќа дома“ од МТЦ „Зона“

(Видео) Се бира компанија која ќе ги обезбедува Центрите за социјална работа, по инцидентот во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе