29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

ЈКП Комуналец: Над 280 домаќинства добиле бесплатни канти за селекција на отпад, продолжува склучувањето на договорите

За 8 дена од почетокот на јавниот повик за склучување договори со ЈКП Комуналец снабдување со  бесплатни канти за отпад (жолта и зелена канта) се вклучиле 286 домаќинства во општина Прилеп, кои добиле по две канти, или вкупно се распределени 576.

Граѓаните кои не се вклучени во процесот и досега немаат земено канти од јавното претпријатие, со себе треба да понесат лична карта од носителот на сметката и една сметка. По потпишување на договорот, граѓанините си земаат две канти и започнуваат со селекција на отпад. Жолтата и зелената канта во дворот се поставуват до, или во близина на влезната порта, една до друга.

Секое домаќинство кое ќе се приклучи во системот ќе добие две бесплатни канти:

  • Жолта канта – за сув отпад.
  • Зелена канта – за влажен (мешан) отпад.

Правила за селекција

Жолта канта – сув отпад

Во жолтата канта се одлага:

  • пластична амбалажа (сите видови ПЕТ шишиња, садови, капачиња);
  • хартија и картон од пакување ( НЕ ТЕТРАПАК);
  • метална амбалажа (лименки и боци);
  • најлон и најлонска амбалажа ( НЕ и кеси за пазарење);
  • чиста пластична амбалажа од хемиски пакувања, пакувања од кечап и други материјали што можат да се рециклираат.

Пред одлагање, амбалажата треба да биде испразнета, а по можност и исплакнета и сплескана за да зафаќа помалку простор.

Поголемата количина пластичен отпад( маси, столици, пластични гајби, туби, пластични буриња и др. може да се однесат во откупните пунктови за отпад низ градов со надокнада, или да бидат оставени до жолтата канта.

Зелена канта – влажен отпад

Во зелената канта се одлага:

  • остатоци од храна;
  • лушпи од овошје и зеленчук;
  • талог од кафе и кесички од чај;
  • валкана хартија што не може да се рециклира;
  • тоалетна хартија и марамчиња;
  • памперс пелени;
  • друг мешан комунален отпад што не е наменет за рециклирање.

Во овие канти не треба да се одлага градежен шут, отпаден текстил и облека, стаклена амбалажа, опасен отпад, електронска опрема, батерии, и други посебни категории отпад.

За стаклената амбалажа поставени се 48 иглу контејнери низ градов.

За електричен и електронски отпад користете го собирното место на ул,, Трајко Николоски ’’бб ,пред Стопанскиот двор на ,, Комуналец’’, каде се поставени монтажни куќарки и витрини за електричен и електронски отпад, и контејнери за сите видови текстилни производи( облека, постелнина, перници и др).

„ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, продолжува со активностите за воспоставување современ и ефикасен систем за селекција на комуналниот отпад и др. видови отпад. Ве повикуваме активно да се вклучите во процесот на селекција и да придонесете за почиста животна средина, подобро управување со отпадот и повисока еколошка свест во нашата општина. Од 2008 година, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, континуирано работи на унапредување на системот за управување со отпадот преку поставување на досега 24 000 канти за селекција во домаќинствата, контејнерско организирано собирање на рециклабилен отпад, собирање на посебни текови на отпад во собирно место, едукативни активности со граѓаните и учениците, континуирани активности со медиумите, соработа со Локалната самоуправа и ресорните министерства, како и соработка со овластени компании за рециклирање. Благодарение на овие активности, значително е зголемена количината на селектиран отпад, а сè повеќе домаќинства, бизнис компании и институции активно се вклучуваат во процесот на селекција“, посочуваат од ЈКП Комуналец .

Во рамки на проектот преку Министерството за животна средина и просторно планирање, за прилепските домаќинства се обезбедени 8.318 канти (жолта и зелена канта) со капацитет од 120 литри за примарна селекција на отпад.

Би можело да ве интересира

Авто Контрол Станица за технички преглед одбележува 10 години од постоењето

Пела Редакција

Не попушта Ковид епидемијата во Прилеп, 4 лица починаа, и рекорден број на новозаразени

(ФОТО) Имал среќа!!! Земјоделец куртили при пад на далновод…

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе