Времето денеска претежно сончево со мала до умерена локална облачност со слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови на земјата.
Во Прилеп времето сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура се спушти до 14 степени, а максималната ќе достигне 26 степени, што е под просекот за овој период од годината.
Според најавата на УХМР утре (петок) времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер.
Во Прилеп за утре, петок, се најавува променливо облачно време со врнежи од дожд со грмотевици во попладневните часови. Интересно е што утринската минимална ќе се искачи само до 10 тиот степен целзиусов, а највисоката дневна температура ќе достигне само 18 степени што е блиску до рекордот од најниска максимална дневна температура во летниот период досега измерена во Прилеп од 16 степени целзиусови.
За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите.

