На 26.07.2026 во 16:16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека настанал пожар во место викано „Заград“ кој зафатил поголема површина на сува трева, една викенд куќа и 25 декари земјиште насадено со лешници. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил локализиран и се преземаат мерки за негово гаснење.информираат од полицијата.
Од ДЗС информираат дека повеќе од 20 часа прилепските пожарникари, заедно со надлежните служби, се справувале со пожарот над Прилеп, кои бил на три локации. Интервенцијата траела до полноќ, а потоа продолжи повторно од три часот изутринава и екипите сеуште се на терен за престојнит жаришта, со оглед на сувата трева и ветрот кои дува во Прилеп
Според информациите од терен, манастирот „Трескавец“ не е загрозен, а досега нема пријавена материјална штета на објекти и викенд-куќи
. Поголемиот дел од опожарената површина е карпест терен со ниска и сува вегетација, каде речиси секоја година избувнуваат пожари.
Во гаснењето на пожарот се вклучени екипи од ТППЕ, ЈКП од Прилеп, а ситуацијата ја селди Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Општинскиот штаб за заштита и спасувањ, кои работат на спречување на ширењето на преостанатите жаришта.

