29.2 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

На територија на општина Прилеп ќе се изведува втората фаза ларвицидна дезинсекција

На 29.07.2026 (среда) на територијата на Општина Прилеп ќе се спроведе втората фаза на превентивна ларвицидна дезинсекција. Дезинсекцијата ќе ја изврши ЈЗУ – Центар за јавно здравје Скопје, додека стручен надзор над спроведувањето ќе врши ЈЗУ – Центар за јавно здравје Прилеп.

Со активностите ќе бидат опфатени околу 30 хектари површини со стоечки води и потенцијални жаришта за развој на комарци, меѓу кои: бари, мочуришта, фонтани, одводни канали, градската река и други водени површини.

Целта на ларвицидната дезинсекција е навремено уништување на ларвените форми на комарците и намалување на нивната бројност, со што се придонесува за заштита на јавното здравје и создавање поздрава животна средина.

Би можело да ве интересира

Прилепчанецот д-р Златко Станкоски помагал во спасувањето во трагедијата во Магдебург

Ротари клубот донираше прочистувачи за воздух за уште две градинки во Прилеп

Пак, се чистеше Дабнички канал од каде се извадени 600м3 отпад

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе